Секојдневни гревови од библиски размери

Не, не се работи за прекршување на 10-те божји заповеди. Тоа е лесно. Има други работи, фино лепо стои таму во Библијата. Па, ако сте расположени да проверите колку гревови правите секојдневно, знајте дека кликањето на 'повеќе' не е еден од нив.

1. Тетоважи

Трета книга Мојсеева (Левит) 19:28
Заради умрен не правете рецки по снагата своја и не цртајте букви по телото свое. Јас сум Господ, вашиот Бог.

2. Шишање „во круг"

Трета книга Мојсеева (Левит) 19:27
Не стрижете ја главата своја наоколу и не расипувајте го изгледот на брадата своја.

3. Влез во храм на кастрирани мажи или оние со повреден пенис
Повторени закони 23:1
„Оној што е скопен или кастрен не влегува во Господовиот храм"

4. Пророкување на судбина

Трета Книга Мојсеева (левит) 19:31
„Не одете по оние што повикуваат духови на мртви, и до маѓесници не доближувајте се, и не дозволувајте да ве осквернат."

5. Оговарање

Трета книга Мојсеева (Левит) 19:16
„Не шири лага меѓу народот свој и не посегнувај врз животот на ближниот"

6. Помагање на мажи во борба
Повторени закони 25:11-12
„Кога се тепаат меѓу себе двајца мажи, и жената на едниот од нив се приближи да го отргне мажот свој од оној што го бие, и откога ќе ја испружи раката своја, го фати за слабините, пресечи и' ја раката, да не ја пожали окото твое"

7. Јадење сендвич со шунка (пилешка може)


Трета книга Мојсеева (Левит) 11:7-8
„И свињата, бидејќи има раздвоени копита, а не прежива - нечиста да ви е"

8. Преженување после развод


Евангелие по Марко 10:11-12
„И им рече: кој ќе ја напушти својата жена и се ожени со друга, тој прељубодејствува спрема неа"

9. Неработење во сабота

Исход 31:14-15
„Пазете ги саботите Мои, зашто тоа е знак меѓу Мене и вас од колено до колено, за да знаете дека Јас сум Господ"

10. Жени да зборуваат во Божјиот храм


Првото послание до Коринтјаните на апостол Павле 14:34-35
„Жените ваши во црквите да молчат, ним не им е дозволено да зборуваат, туку да се покоруваат, како што вели и Законот. Ако пак сакаат да научат нешто, нека ги прашаат мажите свои дома, зашто срамно е жена в црква да зборува"

11. Јадење ракови, јастози и други морски плодови
Трета книга Мојсеева (Левит) 11:10-12
„Она што пак нема перки и лушпи во водата, во морињата и езерата, се' она што плива по вода и жвее во вода, осквернето е и нечисто да ви е. Од месото нивно да не јадете и од мршата нивна да се гнасите".

12. Губење невиност пред брак


Повторени закони 22:20-21
„Ако пак кажаното излезе вистина, и таа не биде најдена како девица, тогаш нека ја доведат момата пред вратата на татковата и' куќа, и градските мажи нека ја каменуваат до смрт, бидејќи извршила срамно дејство во Израилот, го осквернила татковиот дом, така истребувајте го злото од себе".

2 април 2012 - 14:49