Потоп на Денвер од 45 разлика, ќе има мајсторка

Минесота Тимбервуфлс го декласираше Денвер Нагетс со 115:70 и му го нанесе најтешкиот пораз со кој се соочил актуелен првак во историјата на плејофот.

Нагетсти се вратија од 0:2 на 3:2 и имаа можност уште ноќеска да го заверат финалето во Западната конференција, но сега ќе мора да играат седми решавачки натпревар.

Дебаклот со кој соочија им е еден од најголемите во поновата серија и највисок на актуелен шампион, со оглед на тоа што рекордниот до сега беше од 36 поени разлика.

Резултатската разлика најдобро ја отслискуваат првата четвртина која ја загубија со 31:14, како и четвртата во која постигнаа бедни 9 поени, а примија 29.

Минесота уште на стартот го најави високиот триумф со серија од 29:5, а на 4 минути до крајот ја имаше највисоката предност од +50.

Нагетси шутираа катастрофално со 30% од игра и 19% шут за тројка, а најлош беше Џамал Мареј со 4/18 од игра, кој постигна 10 поени. Никола Јокиќ го заврши мечот со 22 поени, 9 скока и 2 асистенции

Ентони Едвардс е прв стрелец на средбата со 27 поени, а МекДениелс втор со 21.

Мајсторката се игра во недела навечер од 22:00 часот.

17 мај 2024 - 08:34