Јокиќ со моќен трипл-дабл и незапирливиот Мареј го урнаа Чикаго

Кошаркарите на Денвер Нагетс славеа со 151-145 на гостувањето кај Чикаго Булс во спектакуларен натпревар решен дури по дополнителни 5 минути.

Домаќините приредија вистинска драма во финишот на регуларниот дел, откако во последните 40 секунди успеаја да анулираат негатива од 7 поени. На седум секунди до крајот, Бади Хилд му ја украде топката на Никола Јокиќ, а Џош Гиди поентираше за израмнување на 131-131.

Сепак, во продолжението искуството на Денвер дојде до израз. Гостите го отворија дополнителниот период со серија од 8-0 и рутински ја зачуваа предноста до самиот крај.

Прво име во победничкиот табор беше Џамал Мареј со рекордни за сезонаВа 45 поени од кои 8 во продолжението, додека Никола Јокиќ го запиша својот 202. трипл-дабл во кариерата со 37 поени, 18 скокови и 11 асистенции. 

Кај Чикаго најефикасен беше Бади Хилд со 33 поени, додека Џош Гиди оствари извонреден дабл-дабл од 23 поени и дури 22 асистенции. 

Нагетси имаат 3 победи по ред и скор од 10-5, со што се наоѓаат на 6. место во Западната конференција.

23 ноември 2026 - 08:48