Мареј одигра страшен натпревар против Индијана со 52 поени, а тоа донесе нов, до сега невиден податок кај деталните НБА статистичари. За прв пат во историјата, тројца играчи од ист тим постигнуваат минимум 50 поени после првите 21 натпревари од сезоната. Серијата ја почна Гордон на 23 октомври со 50 поени против Голден Стејт Вориорс, ја продолжи Јокиќ со 55 поени против Лос Анџелес Клиперс, а ноќеска ја заокружи Мареј со 52 против Индијана Пејсерс.