Симултанката на Мареј кој експлодираше со 52 поени од кои 10 тројки

Денвер Нагетс ја доби Индијана со 135:120. Никола Јокиќ беше повторно на ниво со 24 поени, 13 асистенции и 8 скока. Но, јунак на мечот беше Џамал Мареј кој ги растури Пејсерси со 52 поени. Само 4 поени му фалеа да го надмине личниот рекорд. Канаѓанецот реализираше дури 10 тројки од 11 обиди и тоа со ситна повреда. Нагетси се петти во Западната конференција со скор 15-6, исто колку што има и Сан Антонио.

4 декември 2025 - 12:58