Прустовиот прашалник на Неле Карајлиќ

Најдобро е да си глуп и убав

- Како би сакале да умрете?
- Со пиво во рака. Смртта да ми пријде на шанк и да ми каже "Тоа, лаву!"

Каква е вашата претстава за совршена среќа?

Магловита и нејасна. Мислам дека со среќата само нè уценуваат.

Кој е вашиот најголем страв?

Кога противникот има слободен удар на помалку од 20 метра од нашиот гол.

Со која историска фигура се идентификувате?

Со Никола Тесла. Тој и јас немаме никаква врска... освен што обајцата сме бегалци од горе-долу истиот крај.

На која личност најмногу ѝ се восхитувате?

На српскиот селанец. Може тој бескрајно да се наведнува.

Која особина не ја поднесувате кај себе?

Не затворам уста.

Која е вашата екстраваганција?

Тоа што пишувам книги.

Вашето омилено патување?

Африка.

Која особина на личноста ја сметате за преценета?

Интелигенцијата. Подобро е да си убав и глуп.

Во кои прилики лажете?

Кога ќе ми се укаже прилика.

Што не сакате во својот физички изглед?

Годините.

Кои зборови или реченици пречесто ги користите?

Пцовките.

За што најмногу се каете?

За последната минута против Видеотон.

Која е љубовта на вашиот живот?

Погледнете во Википедија.

Каде и кога сте биле најсреќен?

Сега и овде.

Кој талент би сакале да го имате?

Да знам да молчам.

Како е чувствувате во моментов?

Да е поарно, не би било на арно.

Што сметате за свој најголем успех.

Тоа што сум жив. Тоа е првиот предуслов за нови успеси.

Ако после смртта се вратите на овој свет како човек или како предмет, што би биле?

Семафор на кој постојано би светело зелено.

Кој е најдрагоцениот предмет кој го поседувате?

Казан за ракија.

Што за вас е олицетворение на страдањето?

Губиме со три гола, не можеме топка да фатиме а има уште најмалку пола саат до крајот.

Со кое занимање би сакале да се бавите?

Генерал на армија.

Примери на кои се угледувате?

На камилите. Во најтешки услови - најдостоинствени.

Омилен писател и сликар?

Вуле Журиќ, Гоја.

Омилен фиктивен јунак?

Бајо Паторот.

Каде би сакале да живеете?

Во царство во кое царува другарство.

Што најмногу мразите?

Долго црвено светло на семафор.

Како би сакале да умрете?

- Со пиво во рака. Смртта да ми пријде на шанк и да ми каже "Тоа, лаву!"

Кое е вашето мото?

- Прекрасен ден!, се издра Пишта.

******************

Прустовите прашалници на:

Дејвид Боуви

Пеле

Луис СиКеј

Роберт Де Ниро

Т Боун Барнет

Естер Вилијамс

 

4 мај 2016 - 12:50