Што е вашата идеја за совршена среќа?
Спокоен ум.
Кој е вашиот најголем страв?
Жена ми да се пријави на шоуто The Rеal Housewives of New York City.
Со која историска личност најмногу се идентификувате?
Сакав да се идентификувам со Абрахам Линколн, но Даниел Деј-Луис ја доби улогата. Така што ми останува Џорџ Вашингон.
Која ваша карактеристика најмалку ви се допаѓа?
Сигурно тоа нема да го кажам тука.
Која карактеристика најмалку ја сакате кај другите?
Кога некој се прави важен, ароганција.
Кога лажете?
Кога сум љубезен.Како кога „Венити Фер" ме праша дали сакате да го одговорите Прустовиот прашалник, и јас реков „секако".
Кои зборови или фрази ги употребувате прекумерно?
Мразам кога луѓето претеруваат со суперлативи. Сите се „брилијантни" и ебени „генијалци". Можеби премногу го употребувам „ебени" ама никогаш како глагол.
За што најмногу жалите?
За толку многу работи што не знам од кај да почнам.
Кој или што е најголемата љубов на вашиот живот?
Моето семејство.
Кој талент би сакале да го имате?
Способноста за пеење.
Кога и каде бевте најсреќен?
Денес е добро.
Како се чувствувате денес?
Збунка и хаос, но секогаш успевам да останам присебен.
Ако можете да смените нешто во врска со вас самите, што би било тоа?
Јас сум тоа што сум, не можам да се сменам. Зошто би размислувал за тоа?
Ако треба да умрете и да се вратите како личност или предмет,во што би сакале да се реинкарнирате?
Прво, не сакам да умрам. Второ, кога ќе умрам, не сакам да се враќам. Освен ако е навистина за добра улога. И ако парите се добри.
Што е вашиот најголем имот?
Не сакам да мислам на нив како на сопственост. Но моето семејство го ценам најмногу.
Каде би сакале да живеете?
Тука каде што сум: Њујорк.
Која е вашето омилено занимање?
Она што го правам - глума и претприемаштво.
Која е вашата најмаркантна карактеристика?
Тоа треба да го кажат другите.
Кој е квалитетот кој најмногу ви се допаѓа кај маж?
Чесност.
Кој е квалитетот кој најмногу го цените кај жена?
Чесност.
Кои ви се омилени автори?
Најчесто читам грозни сценарија. Но освен тоа, Морин Доуд, Френк Рич и Томас Фридман.
Кој ви е омилен фиктивен лик?
Единствена фикција која ја читам се весниците.
Кои се вашите херои од реалниот живот?
Во „Приказната од Бронкс" таткото кој го играв му вели на синот: „Работникот е јакиот фраер". Оние кои напорно работат секој ден за да спојат крај со крај - тие се моите херои.
Што најмногу мразите?
Кретени. И не се изземам од тој опис кога се однесувам така.
Како би сакале да умрете?
Во сон. И не мислам на тоа. Нека биде што ќе биде.
Кое е вашето мото?
Како што им кажувам на моите деца, секој си има свој mishegoss (хебрејски за „неразумно однесување, лудило".
извор: Венити Фер