Таг: роберт де ниро

Роберт Де Ниро и Џо Пеши - ретките немизогини колеги на Шерон Стоун

Заедно глумеа во „Казино“ на Мартин Скорсезе.

Златното доба на глумци што се за во пензија

За да потпише дека ќе глуми во мини-серијата The Nix, Мерил Стрип доби хонорар од 825.000 долари по епизода. Роберт Де Ниро е за 75.000 поевтин и за секоја од 20-те епизоди на еден серијал на Амазон, ќе заработи по 750.000 долари.

Роберт Де Ниро е нов тренер на Челси

И покрај најавите дека Антонио Конте го презел актуелниот шампион во Премиер лигата, сепак од Островот стигна друга информација. Де Ниро е нов шеф на стручниот штаб на Сините.

Сличноста меѓу Де Ниро и Ѓоковиќ според О’Саливен

Најдобриот снукер играч во историјата, Рони О’Саливен на својот Твитер профил постираше фотографија од Роберт Де Ниро како млад на која многу личи на Новак Ѓоковиќ. И самиот Де Ниро често го гледа Ѓоковиќ во живо и е негов голем навивач.

Зошто Де Ниро се брука со оние глупи филмови?

На планетава во моментов веројатно нема актер со толку легендарно портфолио. Ловец  на елени, Таксист, Кум, Разјарениот бик... Па сепак, Роберт Де Ниро со години и упорно го сере тоа свое наследство, глумејќи инфантилни ролји во куп боза филмови. Не можеше ли овој наш јунак да реши да старее како Џин Хекман или Шон Конери?

Скорсезе дуинг бизнис

Мартин Скорсезе е режисер на 15-минутиниот краток филм Аудиција, кој се случува во едно кинеско казино, а главни улоги во него имаат Бред Пит, Роберт Де Ниро и Леонардо Дикаприо. Како да ги собереш овие четворица на едно место? Со 70 милиони долари, ете како.

Киријата на Роберт Де Ниро

На стари години, Де Ниро со госпоѓата решава да се пресели во нов стан во Менхетен. Дали не верува дека уште многу долго ќе го користи, па наместо да плаќа полна цена, актерот реши да го земе станот под кирија.

Документарецот на де Ниро за неговиот татко

Филмот којшто го најавивме летоска, својата премиера ја имаше на овогодинешниот Санденс, а телевизиски ќе се прикаже и на HBO во јуни. Де Ниро постариот, кој почина во 1993 на 71 година, според син му бил „луциден и отровен", но многу талентиран уметник.

Омилениот збор на Роберт де Ниро

Во еден од оние по малку здодевни прашалници де Ниро сепак успева да биде шармантен и искрен. Како на пример кога вели дека единствена фикција која ја чита се - весниците.