Краткото видео е за промоција на 3,2 милијарди долари вредното Студио сити казино во Макао. Иако не потврдено, од анонимни извори, неколку медиуми објавуваат дека секој од актерите добил по 13 милиони долари за учеството во филмот. Во оваа сума веројатно е влезено и нивното појавување на отворањето на казиното во вторникот, кога беше и премиерата на филмот.
И покрај блесавата сума на пари настанувањето на филмот е лекција по бизнис вмрежување и пријателство. Компанијата зад Студио Сити е Мелко Краун Ентертејмент, чии сопственици се кинескиот могул Лоренс Хо и австралискиот милијардер Џејмс Пакер. Овој вториот е половина партнер во Ратпак Ентертејмент ("пак" делот е од Пакер), додека втората половина е холивудскиот режисер/продуцент Брет Ратнер.
Пакер и Де Ниро исто така се и бизнис партнери, кои заеднички отворија хотел на Филипините. Де Ниро и Дикаприо имаат блиска соработка, а Скорсезе успешно работи со двајцата веќе долго време.
Ратпак во 2013-та имаа договор за финансирање на продуцентската компанија на Бред Пит, План Б.
Пакер во интервју за Тајмс не ја потврдил цената, ама не ја ни отфрлил, објаснувајќи само дека колку и да било потрошено, пола пари плаќа тој, пола компанијата на Лоренс и дека тоа се плаќа во период од три години.
Снимка од вчерашната премиера на филмот: