Ако мислите со закани и цензури, немојте.
Ако сакате да сте истражувачки новинар, учете од Лупевска и Серафиновиќ.
Ако сте бизнисмен и моќен човек кој не е навикнат некој да му оди контра, не верувајте дека тоа е природна состојба која секогаш ќе ви следува.
Ако сакате да сте писмен и општествено корисен конзумент на медиуми, сфатете дека овие приказни СЕ Македонија. Јебале вас партии. Имаме еден ужасен систем - уздуж и попреку - кој се прекршува на безброј конкретни човечки судбини. Не се Македонија оние приказни како генерал Стојанче сакал да ја реформира МТВ.
И дека ваков новинарски труд и професионален инает можат да мрднат нешто на подобро во сето ова срање. Не оние кога за некого ќе напишат дека е курва, свиња, или што и да е од репортоарот на новите идоли на идиотите.
Кој не верува, нека гледа, кој не знае, нека учи.