- По 13 години чекање, глобалниот феномен GTA 6 конечно пристигна, предизвикувајќи лудило кај играчите ширум светот кои ги одбројуваа секундите до полноќ како за Нова Година.
- Играта има неверојатен резултат од 99 на Metacritic.
- Според релевантни податоци за работниот персонал, барањата за одмор во Германија скокнале за 38 проценти, а користењето на прекувремени часови за дури 58 проценти.
- Во развојот на играта се инвестирани 1,5 милијарди долари, биле ангажирани преку 5.000 лица а веќе ги сруши претходните рекорди за нарачка.
- Меѓународниот суд на правдата (МСП) пресуди дека Мјанмар извршил геноцид врз малцинското население Рохинџи. Пресудата донесена од совет составен од 15 судии од целиот свет е прв случај во кој некоја држава е прогласена за виновна за геноцид. Девет судии ги оцениле злосторствата како геноцид, а шест гласале против.
- Во 2017 година, во воена операција во Мјанмар беа убиени илјадници припадници на будистичкото малцинство, а повеќе од 700.000 беа принудени да побегнат во Бангладеш.
- „Постои основан заклучок оти безбедносните сили на Мјанмар дејствувале со геноцидна намера, и дека Мјанмар имал намера да уништи значителен дел од населението Рохинџи“, изјави судијата Јуџи Ивасава.
- Судот, исто така, утврди дека Мјанмар ја прекршил својата обврска да спречи геноцид извршен од поединци и од безбедносните сили. Одговорен е и за обемно уништување на докази преку палење на телата или со булдожери, со што е попречена секаква ефективна истрага.
- Меѓународниот суд на правдата ѝ наложува на владата на Мјанмар да им исплати отштета на Рохинџите во износ кој треба да биде утврден во посебен процес.
- Доналд Трамп, Си Џинпинг и Владимир Путин на историскиот самит во Кина се заложија за одржување на стратешката стабилност и меѓународна безбедност и за дијалог за нуклеарно разоружување.
- Лидерите на САД, Кина и Русија истакнаа дека самитот во кинескиот град Шенжен се одржал во пријателска атмосфера. Заедничката декларација содржи четири точки:
- „Како постојани членки на Советот за безбедност на ОН, Кина, Русија и САД се обврзаа на реформирање на ОН, со цел организацијата поефективно да одговори на глобалните предизвици и да остане верна на својата основна мисија – меѓународен мир и безбедност“.
- „Трите земји планираат да го зголемат производството и понудата на преработени нафтени деривати за доброто на сите нации. Ја потврдија важноста на стабилните енергетски текови“.
- „Тројцата шефови на држави оценија дека принципот на државна согласност и почитувањето на имунитетите на државните претставници се од суштинско значење, при што се согласија дека Меѓународниот кривичен суд и други слични тела не смеат да ја злоупотребуваат својата јурисдикција“.
- „Тројцата шефови на држави повторија дека нуклеарна војна не може да се добие и дека таа никогаш не смее да се води. Трите земји ќе водат дијалог за намалување на нуклеарните ризици и спречување на ширењето на нуклеарното оружје.“
- Покрај темите наведени во заедничката изјава, разговарале и за кризата во Украина, спречувањето на ширењето на нуклеарното оружје, како и за актуелните ситуации на Блискиот Исток и на Корејскиот Полуостров.