Шерон Стоун има работено со многу мизогино-настроени мажи во животот, па природно е со задоволство да зборува за неколкуте исклучоци.
„Сум работела со некои од најголемите ѕвезди во индустријата, што буквално ми зборуваа додека бев пред камера, кажувајќи ми што мислат дека треба да правам,“ изјави Стоун за Варајети. „Беа многу мизогини - но, не и Роберт Де Ниро. Не и Џо Пеши, не беа такви. Но, сум работела со многу големи ѕвезди што ми кажувале што да правам во моментот додека го правам тоа. Едноставно не ме слушаа, не ми дозволуваа да влијаам на нивната изведба со мојата. Тоа не е добра глума. Мислам, сфаќам дека си јак и сите мислат дека си прекрасен. Но, слушање, бивање присутен во тие моменти е всушност човечкото искуство.“
Стоун неодамна се појави на СНЛ. Кажува и дека често ѝ даваат типични улоги, заради претходните учества во еротски трилери.
„Не ме викаат да глумам - ме викаат да се соблекувам и да играм социопатски ликови затоа што тоа сум го играла во претходни филмови,“ вели Стоун. „Не ме викаат да играм внимателни, чувствителни ликови. Сликарка сум, имам две изложби во иднина - и пишувам песни, сум имала три на прво место на топ листи во други земји. Но, никогаш нема да се ослободам од ‘Основен инстинкт‘. Влегов во светов со изглед на Барбика, па тешко им е на луѓето да ми дадат можност да бидам нешто друго.
Воодушевена е од соработката со Скорсезе и Де Ниро во Казино.
„Конечно се најдов со Марти и Боб и рекоа, дај ни сѐ, сакаме да видиме што можеш да направиш. Стигнав да работам со луѓе од соништата, актер со кој отсекогаш сакав да работам, и Марти - да те потапша по рамо колега е супер. Не ми се случува често.“
За проблематичната сцена од „Основен инстикт“ - тука.