Киријата на Роберт Де Ниро

На стари години, Де Ниро со госпоѓата решава да се пресели во нов стан во Менхетен. Дали не верува дека уште многу долго ќе го користи, па наместо да плаќа полна цена, актерот реши да го земе станот под кирија.

Киријата месечно е 125.000 долари, а за овие пари Де Ниро добива стан во Централ Парк, кој зафаќа цел спрат од зградата и има феноменален поглед на околината. Станот има 560 квадрати, а во оваа површина се сметени 5 спални соби, 7 бањи, библиотека и една реткост за Менхетен, посебна трпезарија.

Станот е во сопственост на челичниот магнат Лирој Шектер, кој во 2012-та го огласи за продажба за 95 милиони долари. Од тогаш 3 пати ја намали цената и сега се продава за 65 милиони долари. Истиот стан Шектер во 2008-ма го купи за 18,9 милион долари.

Во истата зграда со Де Ниро живеат и Дензел Вашингтон, Стинг и Боб Костас (тв водител).

19 септември 2014 - 11:46