1. Оние кои ги школувала полицијата и кои 'ја работат својата работа'. Куцаат на машина, наизменично, сонет и извештај за политичка архива. „Ерос и месо" (да речеме наслов на сонетот). Потоа извештај: „12 септември 198+, се сретнав со М. М. на плоштадот Маркс и Енгелс. Во раката носев списание „Социјализам". М. М. го прелистуваше списанието и прашуваше за цената. Му реков цена. - Евтин ви е тој Социјализам - изјави М. М. и со презрив израз на лицето ми го врати списанието.
Овие првите се платени за својата работа. Ги уфрлуваат во издавачки куќи (уредници), театри итн.
2. Вториот тип се „доброволци". Свесно. Тие не се врбувани, не пишуваат извештаи (не мораат да ги пишуваат). Тие се, како и првите, провокатори. ТИе пишуваат, исто така, песни и проза. Ги има и многу меѓу детските поети. И самите се како расипани деца. Веќе во училиште биле издаици. Нивниот систем е следен: наидувајќи на прилика да се најдат во близина на некој политичар или 'полицаец", тие ја бранат својата теза како противтеза на вашата. Тие се, значи, чесни. Тие не лажат. Само ги 'повторуваат' зборовите кои ги чуле од вас ('Ја бранат својата теза').
- 'Реков пред некое време дека не се согласувам со Киш кога вели дека писателите се кодоши. Со тоа тој прави раздор меѓу писателите, односно предизвикува непотребно сомневање'. Со тоа:
а) ве кодоши; б) свртува внимание на текст кој не го читал; в) прави кратка содржина на вашиот текст (воопштен и неточен); г) се оградува од вашиот став, покажува предаденост на каузата.
Овие се бројни. Исто така доаѓаат до фунции.
3. Оние кои го прават истото што и претходните, но несвесно. Тие се дружат со политичари, локални раководители и вистински кодоши (некогаш во исто лице или во двојна функција). Тие само дрдорат, пренесуваат тоа што чуле.
Лесно минуваат во групата 1. и 2.
Ги има и многу меѓу таканаречените дисиденти.
Подеднакво опасни како и оние гореспоменатите.
Сите треба да се помагаат, затоа што сето ова го прават за да ги прехранат децата.
Данило Киш