- Хју Хјуит (водител на радио емисија, конзервативец) Значи разликата меѓу Хезболах и Хамас за вас сега е небитна, ама некогаш ќе биде, така?
- Доналд Трамп: Ќе стане тоа битно кога ќе треба. Ќе знам за тоа повеќе отколку што ти знаеш, верувај ми, нема да ми треба многу време.
- Хјуит: Ах, добро, ви верувам.
- Доналд Трамп: Во овој момент, на вакви прашања никој од другите кандидат и нема да може да ви одговори. Некои од нив може се спремале ако очекувале вакви прашања, ама веруј ми, сè е тоа небитно. Ќе знам јас на оваа тема повеќе отколку што ти знаеш, и тоа 24 часа откако ќе ја добијам функцијата.
Ова е дел од последното радио интервју на Доналд Трамп на кое говореше на чувствителни и комплексни меѓународни теми при што уште еднаш го покажа своето раскошно незнаење и бахатост. Не успеал да наведе ниедно име од главните играчи на Блискиот исток. Не дека поради тоа му станало незгодно.
"Овие ми изгледаат како камај прашања. Ми барате некакви имиња, сето тоа е смешно, ама ок, одиме со следното," рече самоуверениот Трамп кој сè уште ја збунува јавноста успевајќи да го одржува највисок рејтинg во однос на останатите републикански кандидати за претседател, и покрај тоа што досега има изјавено толку глупости кои ќе ја закопаа сечија друга политичка кариера.
"Републиканците треба внимателно да го слушаат Доналд Трамп и да гласаат за некој друг", порачува Економист во својот едиториал, потсетувајќи каков лик е човекот кој е на пат да стане прв човек на партијата на еден Линколн или Реган.
Неконзистентен e по многу битни прашања: околу абортусот бил и про и за, ист е и за поседувањето оружје, порано беше комплетно против Обамакер, сега само ветува дека ќе ја замени таа програма со "нешто фантастично." Во 2.000 година бараше претседателска номинација од Реформската партија. Пред 10 години изјави "Јас сум некако повеќе Демократ", денес е Републиканец.
Сака да изгради ѕид на мексиканската граница ама некако Мексико да го плати тоа. Инаку, таков ѕид би чинел околу 285 милијарди долари, во просек по дополнителни 900 долари данок од секој маж, жена и дете кои би останеле да живеат во неговата Америка. Би ги напудил сите илегални емигранти, дури и нивните деца родени на американско тло. Тоа што еден таков потег би бил неуставно, па што?
На меѓународната сцена се снаоѓа како Амди Бајрам во галерија со француски импресионисти. Едноставно "би го скршил ИСИС" и би пратил војници "да им ја земат нафтата." Би ставил екстра такса на кинески производи и би ја повлекол поддршката за некои американски сојузници какви што се Јужна Кореја или Јапонија.
"Ако ние се повлечеме, тие супер ќе се штитат сами. Памтите како некогаш Јапонија рутински ја тепаше Кина во војни?", ќе каже тој суптилно.
Американците и порано имаат кокетирано со популисти но никој од нив нема добиено номинација од некоја од двете големи партии уште од 1908-ма и случајот со Вилијамс Џенингс Брајан. Во поново време,од сличен калибар со Трамп најдалеку добутка Пет Бјукенен во 1996-та кој со слоганот "Селаните доаѓаат со вили!" првично го победи безличниот Боб Дол во Њу Хемпшир (подоцна Дол ја добива номiнацијата за глатко да попие од Клинтон).
Но, неколку работи сериозно му одат на рака на Трамп. Како прво, пребогат е и нема да му снемаат пари за кампања. А моментално има толку противкандидати што може да ја лапне номинацијата и со мало мнозинство во гласовите.
За крај, уште еден момент од последното радио интервју:
- Познат ви е генерал Солеимани?
- Познат ми е, ама ајде, кажете ми нешто за него.
- Тој ја води специјалната единица на Иранската Револуционерна Гарда (на аглиски: Quds Forces).
- Да, ок, знам.
- Дали очекувате тој да се однесува....
- Курдите беа ужасно третирани.
- Не, не мислам на Курдите.
- Да, да.
- Ова се лошите.
- Добро.
- Дали очекувате неговото однесување да се смени поради...
- Видиш, а јас слушнав Курди, Курди.
- Не, не.
Да, да, сме го јаделе.