Ферари си пукаше во коњот

Фановите на Ферари и неговите безвремени дизајни се шокирани од изгледот на првиот електричен автомобил на легендарниот бренд чиј изглед му беше доверен на поранешниот дизајнeр на Епл (види: Се превртуваш ли, Енцо?). Патем, за аутцето бараат 640.000 долари a има домет колку од Скопје до Белград. Меѓу шокираните е и некогашниот прв човек на Ферари, Лука ди Монтеземоло.

„Не можам да ви кажам што навистина мислам бидејќи би му наштетил на Ферари. Ризикуваме да уништиме мит, легенда. Нека го тргнат коњот. Ама барем Кинезите нема да го копираат овој модел.“

Исто мисли и Флавио Бриаторе:

„Сите ме прашуваат што мислам за новиот Ферари Луче. Тој има една огромна предност: Кинезите нема да го копираат“.

 Сеир:

 

 

 

27 мај 2026 - 14:08