Која е вашата идеја за совршена среќа?
Читањето.
Која е вашата најмаркантна особина?
Тоа што си го кажувам мислењето без оглед на сè.
Што сметате дека е ваше најголемо постигнување?
Откривањето на утрото.
Кој е вашиот најголем страв?
Конвертирање километри во милји.
Со која историска фигура најмногу се поистоветувате?
Со Дедо Мраз.
На која жива личност ѝ се восхитувате?
Елвис.
Кои се вашите херои во реалниот живот?
Потрошувачот
.
Која особина најмалку си ја сакате?
Додека сум во Њујорк, толеранцијата.
Надвор од Њујорк, нетолеранцијата.
Која особина најмногу ја мразите кај другите?
Талентот.
Кое е вашето омилено патување?
Патот на уметничкиот екцес.
Што сметате за најпреценета доблест?
Сочувството и оригиналноста.
Кој збор прекумерно го употребувате?
„Хтонски" и „мијазма".
За што најмногу жалите?
Што никогаш не сум носел ѕвонарки.
Која е вашата моментална состојба на умот?
Tруден.
Кога би можеле да смените нешто во врска со вашето семејство, што би било тоа?
Мојот страв од нив (жена ми и синот се исклучок).
Што ви е најдрагото нешто што го поседувате?
Фотографија во целофан од Литл Ричард која ја купив во 1958, и пресувана и исушена хризантема која ја набрав на мојот меден месец во Кјото.
Што сметате дека е најголема мизерија?
Живот во страв.
Каде би сакале да живеете?
Североисточен Бали или јужна Јава.
Која е вашата омилена занимација?
Прскање боја на бесмислено платно.
Кој квалитет најмногу го цените кај жена?
Да прдне на команда.
Кои ви се омилени имиња?
Сирс и Роебак.
Што е вашето мото?
„Што" е моето мото.