Која е вашата идеја за совршена среќа?
Сакам да поминувам време со моето семејство. Исто така се релаксирам во мојата куќа на плажа или на мојата фарма.
Кој е вашиот најголем страв?
Мој најголем страв се сиромаштијата и неправдата. Обрнувам големо внимание на запоставените деца во Бразил и низ целиот свет.
Со која историска личност најмогу се идентификувате?
Нелсон Мандела. Нека почива во мир.
На која жива личност ѝ се восхитувате?
Мохамед Али. Многу го почитувам.
Која особина најмалку си ја сакате?
Би сакал уште да можев да играм фудбал!
Која особина најмалку ја сакате кај другите?
Не сакам кога луѓето не се сожалуваат и не ги почитуваат другите.
Што ве прави необичен?
Музиката! Имам напишано и снимено неколку песни како амбициозен музичар.
Кое е вашето омилено патување?
Во 1950-та година кога Бразил изгуби од Уругвај на Светското првенство, за прв пат го видов татко ми како плаче и си ветив дека еден ден ќе го освојам Светското првенство за него. Осум години подоцна, јас го освоив Светското првенство кога имав само 17 години.
Кога лажете?
Некогаш морам да правам некои работи за да си ја зачувам приватноста или да се скријам од јавноста.
За што најмногу жалите?
Најмногу ми е жал што никогаш не одиграв натпревар во фудбалската катедрала: стадионот Вембли во Лондон.
Каде и кога бевте најсреќен?
29 јуни, 1958 во Шведска кога Бразил го освои првиот од петте трофеи од Светското првенство. Тој ден ми го промени животот и ми ја одреди иднината.
Кој талент би сакале да го имате?
Би сакал да сум невидлив за да можам да одам надвор и да живеам нормален живот каде и да одам.
Што би промениле кај себе?
Ништо. Никој не е совршен и затоа животот е интересен.
Што би промениле кај своето семејство?
Секој ден ми недостига татко ми. Би сакал тој да е со нас.
Кое е вашето најголемо достигнување?
Моето најголемо достигнување е што можам да допринесам за спортот кој на мене ми дал многу.
Што е најскапоцено нешто кое го поседувате?
Имам многу спомени и предмети кои ги зачував низ годините кои еден ден ќе бидат сместени во музеј.
Каде сакате да живеете?
Сум бил секаде низ светот, но секогаш се враќам во Сантос. Тука поминав поголем дел од животот и најмногу ми се допаѓа.
Која ви е омилена окупација?
Сакам да рибарам, готвам и да свирам на гитара.
Кое е вашето мото?
„Нека се тркала топката"