Според официјалните статистики, Пеле е трет стрелец во историјата на фудбалот со 762 гола, втор е Меси со 850, а прв Роналдо со 910. Но, на Википедијата на Пеле стојат 1.279 голови на 1.363 средби, бидејќи тука се вклучени и головите на неофицијални средби. Делириум настанал кога стигнал до големиот јубилеј. Го дава за Сантос на Маракана на 19 ноември 1969-та на 29 години. Играта ја прекинале.
Го најавуваат како најплатен спортист на планетата за кој италијански клуб нудел за тоа време, огромни 3 милиони долари. Гостувањето му е во шоуто на Џони Карсон, две години пред да потпише за Њујорк Космос. Пеле кубури со англискиот, ама затоа повеќе ќе се снајде со топката.
Роналдо стана најплатен фудбалер во светот кој во Ал Наср ќе заработи 500 милиони евра. Пред 47 години тоа бил Пеле со три годишен договор од 7 милиони долари, до тогаш невидени за тие времиња. Некои во Бразил му се лутеле, а министерот за надворешни навивал да потпише. Државниот секретар на САД му испратил телеграма.
Или се до толку неуки или се мајтапат, трето нема. Како и да е, празничната фотографија на Инстаграм на Грацијано Пеле со прекрасната сопруга е преплавена со коментари од типот: RIP.
„Да кажеш дека си играл на Маракана, тоа е исто како Монт Еверест, нема повеќе, тоа е“, ќе каже покоен Кирил Дојчиновски. „Не очекував дека ќе бидам стартер, но одеднаш ми го прочитаа името. Се наежив“, рече Методија Спасовски.
Гостувањето на великанот во БиБиСи е во 2005-та. Објаснува како првото Светско на 17 години му било како сон кој не може да го заборави и дека не очекувал да го освои. Последниот Мундијал му бил најтежок, бидејќи чувствувал голема одговорност што сите очекуваат од него.
На 17 декември 1968-ма, Бразил на пријателска средба ја пречекува Југославија на која репрезентативно деби има вардаровата легенда, Методија Спасовски. Ама деби од соништата со какво што не може да се пофали друг Македонец. Против Бразил, на легендарната Маракана која крцала со 150.000 гледачи, а за противник на терен го има Пеле. Како поминува?
Дуелот меѓу двајцата великани е одигран во 1968-ма. Двајца се обидуваат да му ја земат на Пеле, но ќе поминат многу лошо. Прво Франц Бекенбауер кој е со број 5, а потоа и другиот. За нивна среќа, ги извади голманот.
Бразилската икона кој на 82 години се бори со рак, дише на шкрги. Семејството одлучи да објави клип на кој се гледа како Пеле се мачи во кревет, а најблиските преку видео повик се простуваат од него. Хоспитализиран е во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло.
Не е дека има многу заеднички гостувања од овие двајца великани на 20-ти век, па уште и со топка во студио. Едниот замина на 60 години, другиот се бори да не испушти душа на 82, а ракот му прогресира и католичкиот Божиќ го помина во болница.
На 1 септември минатата година му отстранија тумор на дебелото црево, но Пеле од тогаш неколку пати лежи во болница и го игра најтешкиот натпревар во животот. Трикратниот светски првак за Божиќ останува таму, бидејќи болеста пак го напаѓа. Духот му е ист како на терен.
82 годишната фудбалска икона кој лани беше опериран од тумор и кој повторно се наоѓа во болница, доби голема поддршка за што побрзо заздравување. На трикратниот светски првак некој седнал сериозно да му ја анализира играта до степен да го заклучи следново: Пеле го предвиди секој мајсторски потег во светот на фудбалот.
Бразилската легенда, кој е синоним за фудбал не е во старата форма, ама се држи. Има 80 години, а од 2015-та до сега, имаше проблеми со простатата, со колкот, а деновиве го оперираа за да му отстранат тумор. Велат дека и уште е силен и тврдоглав.
Бразилецот кој важи за еден од најдобрите, ако не и најдобар фудбалер на сите времиња, имал една не баш нормална навика, на голманите да им ја избива топката со нога од раце кога веќе ја фатиле и се апсолутни владетели во својот простор. На времето некои судии го санкционирале ова, некои не.
Единствен фудбалер со освоени три Мундијали. Спортист на векот прогласен од страна на МОК. Фудбалер на векот според ФИФА, заедно со Марадона. Еден од 100-те најважни луѓе на векот според Тајм. Гинисов рекорд: 1.283 гола на 1.363 натпревари.
Во среда на 9. декември во 14:30 ќе се одржи една од неколкуте аукции со вредни предмети од Марадона и Пеле. Интересот е огромен, неговиот дрес од мечот со „Божја рака“ проценет на 2 милиони долари но сопственикот не би го продавал.
Една недела по неговата смрт, светот уште се испраќа со Марадона. Не било вака за друга спортска личност. Човекот со кој ја поделија наградата за играч на 20-ти век според ФИФА, му напиша писмо.
За него се снимани филмови, документарци, репортажи. Многумина го сметаат за најдобриот фудбалер на сите времиња. Генот за фудбал го наследил од татко му кој имал кратка професионална кариера и кој на сметка на фудбалот живеел сиромашно.
Сведоци тврделе дека е вистина, а други кажуваат дека е мит. Како и да е, ова што ќе го видите на видеово, не го направил ни Марадона, ни Меси, ни Роналдо, ни никој друг.
Синоним за витешкиот англиски фудбал на времето, голманот кој во 1966 година стана Светски шампион со Англија а во 1970-та се прослави по една врвна парада по шутот на Пеле. Почина денес на 81 година.
Еден од најголемите во историјата, Бразилецот кој го добил прекарот „О’Реј“ (кралот) не постигнал гол после кој со денови се раскажувало за него. Едноставно роден мајстор за фудбал. Генијалец.