Пеле беше примен во болницата Алберт Ајнштајн во Сао Паоло, откако му најдоа тумор на дебелото црево за време на рутинските контроли.
Но и покрај годините, бразилскиот ас имаше успешна операција и шампионски кам бек. Спремен е за уште натпревари.
„Драги пријатели, ова е порака за секој од вас. Немојте да мислите дека не сум ги прочитал илјадниците пораки што ги добив. Ви благодарам многу на секој од вас кој посвети една минута од денот за да ми испрати позитивна енергија. Љубов, љубов и љубов. Веќе ја напуштив болницата и сега сум во мојата соба. Продолжувам секој ден посреќен, со многу расположение да играм 90 минути, плус дополнително време. Наскоро ќе бидеме заедно“, вели Пеле.
Легендата има проблеми со колкот и не може да оди без помагала, а неговите јавни настапи се проретчени. Во 2015-та му правеа операција на простатата, откако беше примен во болница два пати во период од шест месеци, а проблем со уринарна инфекција имаше и пред две години.
„Засрамен е, не сака да излегува и да биде виден, односно да прави нешто што вклучување напуштање на куќата. Но сепак е силен и тврдоглав и со поддршката и грижата на брилијантниот тим на Ајнштајн и со целата љубов, енергија и светлина што му ги испраќа светот, тој ќе го помине ова“, рече ќерка му Кели Нашименто.
Пеле е трикратен светски шампион 1958, 1962 и 1970 и сè уште е најдобар стрелец на Бразил со 77 гола и 92 натпревари. Пред една недела Меси со хет-трик му го сруши рекордот на најмногу постигнати голови во јужноамериканскиот репрезентативен фудбал.