По драматичната суспензија на големото јужноамериканско дерби, Аргентина дома ја пречека Боливија, а тоа за навивачите значеше ново шоу во режија на Лео Меси.
Аргентинскиот ас блесна со хет-трик за победа од 3:0 и успеа да го собори големиот рекорд на големиот Пеле. Меси сега е најдобар стрелец во историјата на репрезентативниот фудбал на својот континент со 79 голови, пред Пеле кој има 77.
Со неговиот хет-трик број седум во дресот на Аргентина, Меси ја одржа својата земја без пораз во мундијалските квалификации (5 победи и 3 нерешени).
¡Saluden el nuevo máximo goleador sudamericano con selecciones! 🔥 🔝
— ESPN Deportes (@ESPNDeportes) September 10, 2021
Messi ha llegado a 78 goles para superar a Pelé. 🇦🇷 🤩 pic.twitter.com/uFIbRxVlFU
По мечот тој пукаше од радост и емоции и потенцираше дека е презадоволен што конечно доби можност да го подели успехот на Копа Америка дома со своите навивачи. Трофеј кој го освои пред два месеци во финале против Бразил и кој му беше сон во кариерата.
„Сонував за ова и конечно ми се оствари по долго чекање. Нема подобро место за прослава. Тука се мајка ми и браќата, и тие чекаа долго, а вечерва слават. Многу сум среќен“.
Оваа година Меси со 153 мечеви, стана и фудбалер со рекорден број на настапи за Аргентина откако го мина Маскерано, а во 2016-та го помина рекордерот на Батистута кој беше прв со 54 голови.
1:0
2:0
3:0
Солзите на Меси
751 - Earlier today, Lionel Messi notched the 55th hat-trick of his career, and his seventh for Argentina. In doing so, he surpassed Pelé (77) as the highest scoring South American player in men's internationals (79), whilst also scoring his 750th (and 751st) career goals. Goat? pic.twitter.com/FX8CfBIbJl
— OptaJoe (@OptaJoe) September 10, 2021