Таг: лионел меси

Соиграчите на Меси во автобус се обидуваа да го предомислат

Снимката е на одење накај стадион на мечот против Бенин. Да си пробаат за секој случај.

За Меси и редарите плачат

Заврши епската приказна на Лионел Меси со Аргентина, земјата каде веројатно никој не може да се помири што нема повеќе да го гледа со националниот дрес. И се служеше 21 година. Колективна тага владееше на неговиот последен натпревар на Монументал во Буенос Аирес. Погледнете му го лицето на овој член на обезбедувањето.

Последниот гол на Лионел Меси за Аргентина

Најголемиот на сите времиња синоќа за последен пат го носеше омилениот дрес - оној на Аргентина. На пријателска против Бенин гаучосите победија 3-0 пред повеќе од 80.000 гледачи на „Монументал“ во Буенос Аирес. Стрелци на головите: Отаменди 48', Нико Паз 61' и Лионел Меси од пенал во 71' минута.

Многу солзи на збогувањето на Меси

Лионел Меси уште на химната се расплака, а камерите го фатија потоа и во автобусот. Плачеше Скалони и Енцо Фернандез. Ништо повеќе нема да биде исто без него.

И судијата му подари нешто на Меси

Ај за топката очекувано, ама главниот судија на последниот меч на Меси за репрезентација против Бенин, по последниот свиреж му ги подари картоните.

Емоции до небо во Буенос Аирес, заврши златната ера на Меси во Аргентина

Дојде денот кој цела Аргентина не го посакуваше, па и пошироко. Фудбалскиот свет за последен пат имаше можност да го види Лионел Меси во дресот на аргентинската репрезентација.

Спринтот на Меси на 39 години

Ќе останаше прашањето, уште само колку години можеше да игра и за националниот тим со оваа форма?

Меси со топка во соба на Мундијалот 2010

Едниот вели „Мадре миа“, а другиот дека ќе остане без батерија на телефонот. Застана сам, а не е дека не можеше уште.

Буенос Аирес и возен ред на метро поместува во чест на Меси

Лионел Меси, вечерва во 1 часот по полноќ според европско време, ќе го одигра последниот аргентински танц на пријателска против Бенин. Во чест на прошталниот натпревар на фудбалската икона, градот во вторник ќе го продолжи работното време на линијата Д од метрото до 01:30 часот.

Спектакуларна мајсторија на Меси од неверојатен агол

На Интер Мајами нешто не му оди и веќе петти меч по ред нема победа, но гостувањето кај Колумбус и поразот од 2-1 минаа во сенка на ремек делото на Лионел Меси. Ова му е 76-ти слободен удар и гол број 931 во кариерата.

Меси ги збуни сите од слободен удар

Интер Мајами не успеа да го совлада Сан Диего и покрај тоа што Меси и Суарез се изборија за пресврт. Натпреварот заврши 2:2. Лео Меси фати да нафрла од слободен удар, ама тој и кога нафрла, тоа е опасно по гол.

Мајсторски финиш на Левандовски, му одговори Каземиро на асистенција на Меси

Чикаго Фајр - Интер Мајами ремизираа 1:1 во дуелот на легендарните напаѓачи и ветерани, Роберт Левандовски и Лионел Меси. Првиот погоди во свој стил, егзекуторски. Но Меси од корнер го пронајде Каземиро.

Фудбалот во Аргентина ќе застанува во чест на Меси

Веројатно никогаш нема да дознаеме колку е голем. Само потврда плус стигна од неговата земја, каде натпреварите почнаа да се прекинуваат во негова чест.

Како беше пречекан Меси на последниот меч за Аргентина пред своја публика?

Мундијалот во САД, Канада и Мексико беше последната репрезентативна етапа за Лионел Меси, кој денеска соопшти дека се повлекува од националниот тим. Но, последниот танц дома во дресот на Аргентина го имаше лани на 5 септември против Венецуела. Даде два гола за победа од 3:0. Пуштете ги звучките посилно за да го слушнете ова ехо на Монументал во Буенос Аирес.

Емотивно 2 минутно збогум на Меси со Аргентина

21 годишна репрезентативна кариера, рекордни 207 натпревари со рекордни 125 гола плус 68 асистенции. Трофеј во Копа Америка во 2021-ва и 2024-та и врвот во кариерата, светска титула во Катар 2022. Аргентина е во солзи, завршува ерата наречена Лионел Меси, кој преку писмо на Инстаграм му стави крај на националниот тим на 39 години.

Ти можеш вака?

Интер Мајами одигра нерешено (2:2) против Филаделфија во МЛС лигата, а Меси го постигна првиот гол после Мундијалот, кој очекувано му го посвети на татко му. Погледнете во пад како успеа да ја задржи топката. Неверојатно.

Меси ги изработи на мал простор, голот го посвети на татко му

Интер Мајами одигра 2:2 на гостувањето против Филаделфија и по 20 кола е втор на табела на Истокот. Лео Меси го постигна првиот гол после Мундијалот и тоа го стори во свој стил. Посветата е за неговиот татко Хорхе Меси кој почина на 8 август на 68 години.

Писмото на Меси

Разочаран, потиштен и тажен со медалот како поразен во финалето, капитенот се обрати преку социјалните мрежи.

Главата за земјата

Лионел Меси беше во аут финалево, како и цела Аргентина. Кога во 117-та минута конечно се најде во ситуација да го загрози голот, Микел Мерино му се постави пожртвувано за да го спаси голот. Не помина баш добро.

Убав момент меѓу Јамал и Меси

Пред 18 години го држеше во раце како бебе, а сега тоа бебе го теши најголемиот, кој е 20 години постар од него. Тоа е фудбалот. Таков е животот.

Меси во Катар 2022 vs САД 2026

Ако мислевте дека минатото Светско е врвот на неговата кариера со титула, лидерство и бројки, тогаш погледнете што стои зад неговото име на овој Мундијал. Уште подобар e и тоа на 39 години. Фрапантен податок. Нема зошто да ни е глупо да кажеме дека е од друга планета.

Англичаните го одминаа, Меси му застана

И покрај уникатната планетарна слава, Меси нема проблем да му учини на било кој новинар. Англиските ѕвезди не го рецнаа новинарот во количка од Венецуела. Лео без проблем му даде изјава. Прашањето се однесува на рекордот на Кафу, кој Аргентинецот во недела ќе го израмни, а тоа се три настап на мундијалски финалиња.

Еден против четворица на 39 години

Катар 2022 беше круна на неговата кариера. Освои Светско после Копа Америка со што стигна до врвот за својата земја, после сите клупски и индивидуални успеси. Но, четири години подоцна, овој човек кој постави поинакви фудбалски граници, ќе игра повторно мундијалско финале. Неверојатно. Погледнете му ги движењата и јадните четворица.