Емоции до небо во Буенос Аирес, заврши златната ера на Меси во Аргентина

Дојде денот кој цела Аргентина не го посакуваше, па и пошироко. Фудбалскиот свет за последен пат имаше можност да го види Лионел Меси во дресот на аргентинската репрезентација.

Буенос Аирес и цела Аргентина се кренаа на нозе за последен пат да му оддадат почит на еден од најголемите или можеби најголемиот на сите времиња, во неговата улога на играч и капитен на националниот тим. 

Повеќе од 80.000 навивачи ги исполнија трибините на Монументал на пријателската против Бенин, а Лео Меси не се ни обиде да ги скрие емоциите во денот што веројатно беше најемотивниот во неговата кариера.

Целиот стадион пееше: „Со Меси на чело, ќе освоиме сè“. Натпреварот имаше увертира со спектакуларно шоу на небото, а мечот застана точно во 10-та минута.

Резултатот и победата од 3:0 одат во втор план. Меси заминува како икона со нестварно јак печат кој ќе остане во аналите на земјата, каде фудбалот е рамно на религија.

Заминува со рекордни 208 настапи, рекордни 126 гола, златен медал на Олимписките игри, два трофеи во Копа Америка 2021 и 2024, како и светска титула во 2022.

Пречекот на навивачите

10-та минута од мечот

Спектаклот на небото со помош на дрон

Последниот гол

Испраќањето со семејството во соблекувална

Последниот говор

7 октомври 2026 - 08:09