Извештајот кој неодамна беше објавен открива (потврдува) дека ЦИА ги измачувала затворениците. Во него се наведува дека освен регуларните "унапредени методи за испрашување" ЦИА меѓу другото на затвореник му ставала хумус во анусот, присилила осомничен да стои на скршено стапало, и малтретирале затвореници со песни како "Rawhide" ставени на многу гласно и на постојано повторување.
И покрај тоа што дел од луѓето што го нарачале измачувањето тврдат дека тоа било неопходно за добивање на клучни информации, во извештајот се заклучува дека ЦИА во овој период највредните информации ги добива со помош на други мерки.
Атлантик објавува студија од австралискиот Чарлс Стурт Универзитет, од годинава, во која учествуваат 34 испитувачи од Австралија, Индонезија и Норвешка, кои работеле со 30 меѓународни терористи.
Според истражувањето, на терен работите се вакви:
"Разоткривањето информации е 14 пати поверојатно да се случи во истрага во која се користи градење однос со осомничениот. Признанијата се четири пати поверојатни кога испитувачите имаат неутрален и учтив став. Стапката на разоткривање информации е повисока и кога затворениците се испрашувани во удобна физичка околина."
Минатата недела ПРИ имаше интервју со поранешен испитувач од американската армија, кој ја раскажува својата приказна за тоа како освоил и добил информации од еден ирачки бунтовник, врз основа на заедничката љубов кон гледање на двд-а од серијата "24." Во првичните разговори затвореникот изјавил дека е обожавател на Џек Бауер, на што испитувачот се надоврзал и почнал да гради врска со него, која резултирала со корисни информации.
Атлантик потсетува на едно писмо од 1798-ма, во кое Наполеон бара да се престане со измачувањето бидејќи од тоа не се добива ништо корисно, "кутриот бедник ќе каже се што му доаѓа на памет и се што мисли дека испитувачот би сакал да чуе."