Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

СДСМ од Пендаровски барале да го амнестира Груевски

2 јуни 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Стево Пендаровски го одбил барањето на СДСМ да го амнестира Никола Груевски за тој да се врати во земјата и да обезбеди дополнителни гласови потребни за промена на уставот.
  • Од друга страна, Мицкоски го одбил предлогот на Заев, широка коалиција да ги внесе Бугарите во уставот а потоа вмровците да добијат предвремени избори.  
  • Поранешениот претседател би се вратил во политиката кога би се создал силен опозиционен блок кој би можел да го симне ВМРО ДПМНЕ од власт.
  • Дотогаш, нека размислува за опцијата дека кога не би бил претседател, и тој би се иселил од Македонија.   

Види и: 
Собрани недела на Стево
Топењето на Стево, од јануари до јули

извор

Трамп се откажува од фондот за „жртвите на политички прогон“

2 јуни 2026
  • Share
  • Post
  • По жестоки критики од републиканските сопартијци, Доналд Трамп е решен да го повлече планот за фонд од 1,776 милијарди долари за обештетување на лица што биле „жртви на неправедно гонење“ од претходната администрација.
  • Фондот е дел од договорот Трамп да го повлече барањето за отштета од 10 милијарди долари од американската УЈП поради протекување на неговите даночни пријави пред седум години. Критичарите го опишаа фондот како шема со која Трамп ќе ги наградува своите политички сојузници.
  • Судијката која ја следеше тужбата на Трамп против УЈП ненадејно повторно го отвори случајот за да истражи „сомневања за измама“, бидејќи претседателот тужи агенција што ја контролира и на тој начин е на двете страни во случајот.
  • Изворите на Њујорк тајмс велат дека не е јасно дали претседателот отстапува и од дополнението на правната спогодба, која му обезбедува на Трамп лично, на неговото семејство и на неговите бизниси имунитет од даночни ревизии.
извор

Американско нуклеарно оружје во Полска и балтичките земји?

2 јуни 2026
  • Share
  • Post
  • САД дискутираат дали да распоредат нуклеарно оружје во повеќе европски земји за да ги убедат сојузниците од НАТО дека повлекувањето на конвенционалните сили не ги ослабува безбедносните гаранции.
  • Се разгледува можноста за дополнителни распоредувања надвор од шесте европски земји во кои сега има американски бомбардери што можат да носат нуклеарни бомби – Белгија, Британија, Германија, Италија, Холандија и Турција, изјавиле три извори за Фајненшл тајмс.
  • Најзаинтересирани домаќини се членките на НАТО што се на границата со Русија - Полска и балтичките земји.
  • Уште од време на Студената војна Вашингтон има единствено овластување за употреба на американското нуклеарно оружје распоредено низ Европа. Овој нуклеарен чадор се смета за незаменливо средство за одвраќање.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Пиеме палмино млеко во прав

Македонски рулет
2

Кај нас треба да има 69-ка до Долно Дупени

3

Скопје, европска престолнина на хуморот

Македонштина
4

Некој да ни види дали ќе одиме?

Балканштина
5

ЦИА го труела голманот на Англија

Спорт
6

Цел живот исто ќе биде

Видео
7

Втората македонска лига звучи како прва

8

Фергусон му пишал на претседателот на ПСЖ: „Бевте подобар тим, игравте против досадна екипа“

Фудбал
1

Кај нас треба да има 69-ка до Долно Дупени

2

Германија стравува од нов бран украински бегалци – од Полска

3

Трамп мора да прифати: Иран ќе збогатува ураниум

Мислења
4

Трамп до Биби: Ти си луд, те спасив од затвор!

5

Албанци против Кушнер и Иванка Трамп

6

Не само што сме вишок, туку сме вишок 6 милијарди?

Разно
7

Метеор експлодирал над САД со јачина од 300 тони ТНТ

8

Милијардерот Питер Тил ја здува во Аргентина

Разно
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Вучиќ на оглас за работа во ЈП Лајка

Македонштина

Скопје, европска престолнина на хуморот

Балканштина

Некој да ни види дали ќе одиме?

Разно

„Свадба е голема“, масовно во Измир

Македонштина

Живнаа улиците асфалтирани во кампања

Македонштина

Фолк текст Валандово

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Исламистичката секс секта која го поддржува Ердоган

Девет трудови песни

Кому му е најголем?

Отворете си го срцето, ушите сами ќе ви се отворат

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy