Во центарот на контроверзите е поднесокот кој Вагтер го доставил преку системот за следење на патентни спорови и жалби.
Тој оспорува еден финансиски патент со тврдење дека неговите механизми веќе биле длабоко вградени во финансиите и софтверската архитектура долго пред самото поднесување на патентот и затоа не треба да се квалификуваат како нов изум што заслужува заштита.
Нималку небитно прашање бидејќи патентите поврзани со финансиски технологии можат да вредат огромни суми пари. Современите финансии се изградени врз системи за приоритетизација, алгоритми, автоматизирана архитектура за тргување... цели фирми се вреднуваат во однос на интелектуалната сопственост која ја поседуваат. Кога некој јавно тврди дека одредени патенти само ги препакуваат претходно постоечките концепти, тоа веќе не е само академско прашање.
Кратко време откако Вагтер го сврте вниманието околу ова, дебатите за него почнаа да се фокусираат на неговата ментална нестабилност и склоност кон теории на заговор. Само нешто подоцна, полицијата од Ванкувер присилно го однесе во психијатриска болница.
Канада тивко изгради еден од најекспанзивните системи за психијатриска интервенција во западниот свет. Властите можат законски да притвораат лица заради психијатриска евалуација ако бидат проценети за опасност за себе или за другите. Проценката често е субјективна и не е потребно да се случи вистински инцидент. Полиција, лекари или семејни жалби се доволни некој да биде однесен во болница. Лицата првично можат да бидат задржани до 72 часа без согласност, а подоцна тоа се продолжува преку медицинско овластување.
Откако човек ќе се стави во психијатриска рамка, институционалните овластувања драматично се прошируваат. Лекарите и администраторите одеднаш имаат овластувања што во кој било друг контекст би барале судска постапка.
Застрашувачкиот дел е што властите секое несогласување сè почесто го го врамуваат низ призмата на јавната безбедност, дезинформациите, екстремизмот и слично.
За време на протестите на камионџиите, Канада ги замрзна банкарските сметки без судски налози. Законите за говор агресивно се проширија, онлајн мониторингот се интензивираше, се проширија и законите за асистирано самоубиство.
Луѓето почнуваат да забележуваат дека речиси секоја нова криза некако резултира со тоа што институциите добиваат поголема моќ над поединецот. Дали Вагтер е во право или не во врска со спорот за патентот станува второстепено.