- Доналд Трамп му се изнавикал на Бенјамин Нетанјаху во телефонски разговор, обвинувајќи го дека Израел со офанзивата во Либан ги минира напорите на САД да ја заврши војната со Иран.
- Техеран вчера се закани дека ќе ги напушти преговорите поради израелските напади и окупирањето поголема територија во јужен Либан.
- Извори на Аксиос тврдат дека Трамп му забранил на Нетанјаху да одобри бомбардирање на Бејрут, затоа што тоа уште повеќе ќе го изолира Израел во светот.
- „Луд си. Ќе беше во затвор да не бев јас. Ти го спасувам задникот. Сите те мразат сега. Сите го мразат Израел поради ова“, му рекол Трамп на Нетанјаху според еден извор.
- Нетанјаху прифатил да не напаѓа цели на Хезболах во Бејрут, но истакнал дека Израел ќе ги продолжи операциите во јужен Либан. Трамп по разговорот изјави дека „разговорите со Иран продолжуваат со брзо темпо“. Либан објави дека Хезболах прифатил да ги запре нападите врз Израел.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.