Аргентинската фудбалска федерација одлучи да има прекин на сите натпревари во машка и женска конкуренција во минутата број 10.
Тоа веќе се случи на натпреварот помеѓу Бока Јуниорс и Велез во осминафиналето од Купот на Аргентина.
Судијата свирна точно по 10 минута и го прекина натпреварот. Целиот стадион „Марио Алберто Кемпес“ во Кордоба стана и почна да аплаудира.
На теренот во тој момент имаше соиграчи на Меси од репрезентацијата, како што е Леандро Паредес, кој ја носи капитенската лента на Бока.
Повеќе од јасно е зошто е избрана десеттата минута. Тоа е бројот што Меси го носеше во поголемиот дел од кариерата.
Со таа бројка ја искачи Аргентина на светскиот трон во Катар 2022. Момент за паметење на секој Аргентинец.
На крајот, Бока славеше по подобро изведување на пенали и се пласираше во четвртфиналето.