Едсел станува толкава легенда во Сан Франциско, што гостите го посетуваат ресторанот само за да бидат навредувани од него. Во 1982-ра, весникот Кроникл го нарекува "Најлошиот келнер на Сан Франциско." Ресторанот затвора во 2012-та, по 100 години постоење.
На масите на ресторанот јасно се наведени правилата на естаблишментот - "Нема алкохол, нема кафе, нема млеко, нема газирани пијалаци, нема колачиња со пораки."
Самиот Едсел е син на газдата на ресторанот. Висок е над 180 сантиметри, тежок 90 килограми, потшишан е како војник, со долга бела престилка и сеприсутна намуртеност. "Тој не земаше затвореници."
"Мао порачуваше дека сите јадат од истиот лонец со супа, но Едсел јасно покажуваше дека тој е жесток подржувач на генералисимус Чанг Кај-Шек.
Ако имаше ред, а ти не си редовен гости, дури и ако си прв, ќе мора да почекаш. Ако прашаш нешто за храната, Едсел ќе ти ги покажеше менијата на ѕидот, сите на кинески. Тој ја туркаше својата чинија преку масата, не обѕирајќи се ако по пат ти ги исфлека кошулата или пантолоните. Стапчињата за јадење ги фрлаше на маса како да се пар коцки. И за да бидат работите уште полоши, ќе ти се изнасмееше за ова право во лице."
Друг муштерија се сеќава на неговата посета во 1981-ва, кога го добил традиционалното "седи и ќути" добредојде од Едсел. Тогаш тој ја направил и најголемата грешка, нарачал благо и кисело свинско и диетална Кока-кола.
"Глуп си? Нема кола!! Само чај!! Нема благо и кисело!! Ќе го добиеш специјалитетот на куќата (за дента) чо фун (говедско со тестенини)... нема виљушки, само стапчиња.. Што сакаш дебел?"
Еден од муштериите се обидел да нарача "пржени морски ракчиња," кои се два пати поскапи од речиси се' останато на менито. "Не! Тоа е кражба," им се развикал Едсел. Потоа, тој истото го нарачувал секој пат кога ќе се врател во ресторанот, за секој пат да биде гневно одбиен од Едсел.
За премногу долго читање на менито гостите од Едсел го заслужуваат регуларното "Што е ова, библиотека?" А заседнување во кафана им било дозволено само на ВИП гостите, другите буквално по крајот на оброкот биле бркани од маса со метла и крпа. Исто така тоа што си на сред јадење не значи дека Едсел нема да те стане од маса.
Кога сака да биде забавен, Едсел на гостите им дава тие да бидат келнери, конкретно да ги расчистат чиниите од масата и да ги измијат, пред да може нешто да нарачаат. На новите гости може да им се случи и да им бидат одземени столиците ако дојдат некои од редовните муштерии а нема место.
На крај на секој гостин му следува репликата "мала сметка, голем бакшиш!" Ако оставиш бакшиш под 20% инстантно ти следува вербално малтретирање. "Едсел ова го прави заради шоу и очекува да биде компензиран како холивудска ѕвезда." Едсел починува во 1984-та, на 55 години.
* Додека го пишуваме текстот, на памет доаѓа една локална, скопска, жива легенда, кој не прави ништо заради шоу него таков е (и од која Едсел може само да се надгради), човекот кој на поплаката на едни гости дека има многу муви во кафаната, им го кажа епохалното: "Немаше вие пред да дојдете."