Таг: лионел меси

Гигантски дрес од Меси лебди во Розарио

„Фудбалски празник“ е многу блага формулација за да се опише ден во Аргентина кога играат на Светско. Погледнете зошто е ангажиран хеликоптеров. Несфатливо е ова за нас.

„Подароков е за тебе, бидејќи си извор на радост за милиони луѓе“

Репортер го застанува Меси и драгоценото време со најдобриот, место за интервју, го користи да му искаже благодарност и да му даде симболичен подарок за тоа што го прави. Погледнете ја детската насмевка на Лео, кој му возврати со прегратка.

Најдобрите стрелци на едно Светско првенство

Најдобрите напаѓачи во светот играат во топ форма на Мундијалот. Винисиус, Дембеле и Белингем имаат по 4 гола, Кејн 6, Мбапе и Халанд по 7, Меси 8. Но, летвичката во оваа трка е високо поставена. Еузебио има 9 на СП 1996, Герд Милер 10 на СП 1970. Ќе го стигне ли некој рекордерот Жист Фонтен?

Лео и Новак, тие се

Иста возраст, иста ноќ, ист резултат. За тоа што го направија Новак Ѓоковиќ и Лионел Меси твитна и Вимблдон. Силни, вешти, неуморни, ненадминливи. Едноставно спортски икони во чие време е привилегија да се живее.

Меси плачеше од возбуда

И кога не му одеше, немаше свој ден и промаши пенал, на крај го круниса мечот со гол и асистенција, клучни во пресвртот на Аргентина против Египет од 0:2 на 3:2. Сега е прв на Светското со 8 гола, а го мина и Марадона со рекордни 9 асистенции за својата земја на Мундијалите.

Прво ги елиминираше, а потоа фотка и автограм

Фудбалерите на Зеленортски Острови, Мундијалов ќе им го раскажуваат на внуците. Без пораз си заминаа и тоа како дебитанти. Нерешено со Шпанија, Уругвај и Саудиска Арабија, а потоа реми барем во 90 минути со Аргентина. Јуначки издржаа 3:2 во 120 минути фудбал. Задоволството на крај го зачинија со сликање, се знае со кого.

Фотографии од детето кое ги уништи сите

Тука е дете како и сите други по име Лео. Сега е најголемо фудбалско име на планетава кое и на 39 години од фудбалот си прави и ни прави забава. 6 гола има на Мундијалот, а уште осминафинале нема играно.

Реакцијата на Лионел за мајсторијата на Лионел

Сака да каже: Тоа е најнормален и очекуван слободен удар на Меси. Знаев дека ќе ја даде.

Анри ја објаснува зоната 14 каде Меси кампира

„Ако знаеш како да се снајдеш во оваа зона и ако ја разбираш играта, можеш да постигнуваш многу голови“, објаснува легендарниот француски напаѓач кој е ангажиран како стручен аналитичар на Светското.

Слободниот удар на Меси се вика интелигенција

Три од три за Аргентина, три од три за Лео Меси кој Мундијалот ни го прави спектакл. Три комада против Алжир, два против Австрија и еден против Јордан, кој е уживање да се гледа од повеќе агли. Од слободен стрелаше и Ло Селсо. Лаутаро Мартинез погоди од пенал.

Кога Аргентинците му влетаа роденденски на Меси во спиење

Великанот кој со 5 гола растура на Мундијалот вчера наполни 39, а ЕСПН потсети на една роденденска честитка, кога колегите му влегоа во соба додека спие. 

Аргентинското срце на славеникот Лео Меси

Дајте му шанса на видеово. Вреди ептен. Ако е подолго. Тешко дека ќе дочекаме повторно ваков феномен? Среќен 39 роденден легендо. Привилегија е да гледа човек фудбал во твое време.

Не сака ни името да му го чуе

Го прашаа Кристијано Роналдо, односно се обидоа да го прашаат за Меси. И така.

Кој ги постигна последните 12 голови за Аргентина на Светско?

9 од 12 се негови. Д е в е т. Сведоци сме на историја, напишаа од Гинисова книга на рекорди.

Гинис се огласи за Меси по 4 основи

Беше под голем знак прашалник дали воопшто ќе игра на овој Мундијал, откако на минатиот ја круниса кариерата на најјак можен начин, а тоа е светска титула. Но кралот на фудбалот држи лекции и на 39 години и постави четири рекорди во историјата на СП.

Аргентина е во нокаут фаза, ја носи Меси со 5 гола

Великанот не сопира. Аргентина слави 2:0 против Австрија, претходно 3:0 над Алжир. Сите голови се негови. Вечерва ги запиша во 38` и 95`, а можеше и хет-трик, но промаши пенал во 9 минута. По освојувањето на светската титула во Катар беше под знак прашалник дали воопшто ќе игра уште еден шести Мундијал, а тој е тука со 39 години кој ќе ги наполни на 24 јуни и стигна до рекордни 18 голови на СП.

Нова мундијалска историја на Лео Меси

Мирослав Клосе е минато. Најдобриот стрелец во историјата на Светските првенства се вика Меси. Моментот за историја се случи во 38 минута на мечот против Австрија, веднаш после хет-трикот над Алжир. Меси сега е прв со 17 гола, Клосе има 16, Бразилецот Роналдо 15, Герд Милер и Мбапе по 14.

Индијците ја тргнаа гигантската статуа со Меси

Статуата која е поставена во Калкута и е висока 70 стапки (21 метар) е отстранета само 6 месеци откако е поставена. Властите велат дека се нишала од силни ветрови и сега се наоѓа во владин магацин. Делови од базата се срушиле.

Играчи со најмногу Мундијали во историјата

Лео Меси и Кристијано Роналдо овој месец ќе станат први фудбалери на планетава со шест учества на Светските првенства. 40 годишните Модриќ и Ноер, како и 39 годишниот Нагатомо ќе стигнат до пет. И Гиљермо Очоа доби шести повик, но на првите два не настапил. Легендарниот мексикански голман на 13 јули ќе полни 41 година.

Меси се загрева јако за Светско

Навивачите на стадионот во Синсинати уживаа во 8 голови и неколку пресврти на дуелот против Интер Мајами кои гостите го добија со 3:5. Лионел Меси блесна со два гола и асистенција. Неговите моментални бројки во кариерата бројат 909 гола и 411 асистенции. За влакно остана без хет-трик. Третиот гол го запишаа како автогол.

15 години од едно соло ремек дело на Меси на Ел Класико

Џабе во одбрана е Рамос, а на гол е Касиљас. Не менува кој е позади, кога тој ќе реши да тргне. Четворица ги прескокна, како на видео игра. Неверојатна глетка.

Ова ретко се гледа, Меси да ја забие со глава

Интер Мајами го постигна првиот гол на новиот стадион Ну Стадиум на мечот против Остин кој заврши 2:2. Го даде токму Лео Меси и тоа под трибината која го носи неговата име. Ова му е гол број 903 или само 31-ви со глава.