Великанот не сопира. Аргентина слави 2:0 против Австрија, претходно 3:0 над Алжир. Сите голови се негови. Вечерва ги запиша во 38` и 95`, а можеше и хет-трик, но промаши пенал во 9 минута. По освојувањето на светската титула во Катар беше под знак прашалник дали воопшто ќе игра уште еден шести Мундијал, а тој е тука со 39 години кој ќе ги наполни на 24 јуни и стигна до рекордни 18 голови на СП.