Доктор Дејвид Матлок ја запознал Вероника кога му дошла во ординација со желба да ѝ направи вагинопластика (си немал ѓаволот работа) за да си го врати изгледот на интимните делови од пред породувањето на ќерката.
Наместо тоа, 49 годишниот Матлок и предложил на 38 годишната пациентка "Wonder Woman Makeover", комплетен третман кој содржи темелна липосукција, обликување мускули, зголемување гради, корекција на вилицата, рацете, подигање на задникот, вагинално подмладување а на крај ја почастил и со Г-шот, инјектирање ткиво за зголемување на митската Г точка заради засилување на сексуалното задоволство.
Откако и ја појачал Г точката му било лесно да се прави фраер. Почнале да излегуваат, станале интимни и на крај завршиле како брачна двојка.
"Некогаш се чувствувам како подвижен билборд за неговата ординација," вели Вероника која заедно со сопругот учествуваат во боди билдинг и фитнес натпревари за да го покажат резултатот.
Доктор Матлок е пионер на неколку уникатни естетски зафати и се смета за еден од највештите хирурзи кој може перфектно да скулптурира тело по желба. Една од неговите иновации е т.н. липоскулптурирање со висока дефиниција. Се работи за инјектирање сало во мускули, процедура на која и самиот често се подвргнува, пумпајќи ги своите стомачни и други мускули.