Маршалови острови

Држава која тоне

Можеме да замислиме како е му е на претседателот на Маршаловите острови додека ги сослушува проблемите на своите колеги од Генералното Собрание на Обединетите Нации. А нему му е водата до врат и постојано се качува. 

 

Пред некој ден бразилката Дилма Русеф го сврте светското внимание на проблемот со меѓународното електронско шпионирање и секоја чест за тоа.

Но, нејзиниот колега од Маршаловите острови има поголема беља и од тоа.

Неговата земја ја снемува.

Доколку се остварат денешните проекции за покачување на нивото на морињата и океаните, до крајот на овој век неговата земја нема д постои на картите. Со денешно темпо на глобално загревање, во следниве 80-тина годиниа нивото ќе биде покачено за 1 до 2 метра што фактички ќе значи крај на Маршаловите острови, ланец од околу 1.000 мали острови и атоли недалеку од Хаваи.

"Летово морав да прогласам вонредна состојба на северот од мојата земја заради екстремната суша која предизвика недостаток на храна и глад а потоа не удри тн "кралски бран" кој ни го потопи главниот аеродром и сите населби околу него, вклучувајќи ја и мојата куќа, пишува претстедателот на Маршаловите острови Кристофер Лоек во едиториал за Њујорк Тајмс, опишувајќи како неговите граѓани директно ги преживуваат последиците од глобално неефикасната борба против затоплувањето.

Тој на Обединетите Нации ќе им ја понуди Манџуро Декларацијата потпишана од лидерите на 12 пацифички заедници, вклучувајќи ги Нов Зеланд и Австралија со која се бараат итни чекори за намалување на гасовите кои предизвикуваат ефект на стаклена градина.

"Во периодот од Втората Светска војна до сега, ние преживеавме хорор од 67 нуклеарни тестирања, од кои најсилниот беше 1.000 пати посилен од бомбата во Хирошима," потсетува Лоек барајќи од Американците да бидат лидери во борбата за опстанок на неговата држава.

27 септември 2013 - 11:42