- Српската полиција уапсила 70-годишен маж што пукал од пиштол и запалил шатори во „Ќациленд“ - кампот со приврзаници на претседателот Александар Вучиќ пред Народното собрание во Белград.
- Од истрелите бил ранет случаен минувач, кој во тешка состојба бил пренесен во Ургентниот центар и лекарите се борат да му го спасат животот.
- Откако пукал, напаѓачот од ранец извадил канистер, полеал бензин околу шаторите и го запалил.
- Полицијата итно реагирала и го привела напаѓачот, кој носел уште канистри со бензин. Ќе биде обвинет за обид за убиство и предизвикување општа опасност. Првичните резултати од истрагата укажуваат дека напаѓачот бил пресметлив и имал намера да предизвика што е можно повеќе жртви.
- Претседателот Вучиќ објави снимка на која напаѓачот изјавил дека „сакал полицијата да го убие“. Додека го истурал бензинот, пукал во човек што му се приближил.
- Во 2025 година имало 2.465 напади од омраза кон христијани во Европа, покажува новиот извештај на Опсерваторијата за нетолеранција и дискриминација OIDAC. Тоа е зголемување од 11,5% во споредба со претходната година.
- Имало 395 напади или закани на верска основа насочени кон поединци, за разлика од 274 во претходната година.
- Во Франција се регистрирани 843 напади, во Англија и Велс 624, во Германија 337 и во Австрија 134.
- Во Лион во септември 2025 година пред својот дом бил избоден до смрт Ашур Сарнаја, 45-годишен асирски христијанин со попреченост, кој веќе избегал од исламистички прогон во Ирак. Властите потврдија дека нападот бил поттикнат од радикална џихадистичка идеологија.
- Во светот христијаните се најзагрозени во Нигерија. Локалната невладина организација Intersociety документирала дека само во првите осум месеци џихадисти убиле 3.038 христијани и киднапирале 3.193.
- На едно место ги собираат и средуваат линковите од стари македонски емисии, серии и телевизиски прилози кои се расфрлани по Јутјуб и социјалните мрежи.
- Архивата во моментов има околу 3.000 записи. Меѓу нив се прилог за Скопје со Кензо Танге од 1973 година, ТВ-филмот „Томе од бензинската пумпа“, има цели емисии и филмови, но и кратки прилози и извадоци што сами по себе бележат некој момент од животот на градот или од домашната телевизиска продукција.
- Снимките се подредени по деценија и година. Секоја година има своја VHS касета, а со клик на неа се отвора списокот со снимки. За оние што сакаат да разгледуваат по жанр, има одделни полици за филмови, серии, документарци и музика на ТВ.