За „назадната“ калеш Анѓа

Девојката беше исправена пред историска шанса.

Да беше од оние храбрите и визионерите, ќе немаше дилема дека таква шанса мора да се зграпчи.

Недвосмислено ѝ беше понудено да направи чекор кој ќе значи од утре да ѝ биде подобро. Конечно да излезе од калта на нејзиното секојдневие, од немаштијата и несигурноста. Да стане дел од угледниот двор, дама, госпоѓа, анама!

На чардак да седи, жолтици да брои, јеботе! Па се пропушта ли таква шанса бре калеш Анѓо??

 

18 јуни 2018 - 05:30