Бразил скапо го кошта Нетфликс

Нетфликс таман да го прогласи последниот квартал за рекорден по приход од претплати и реклами и да се пофали дека ги надминал и најоптимистичките прогнози за раст, стигна есапот од даночниот спор што го имаат со бразилските даночни власти - 619 милиони долари. По објавувањето на оваа вест, акциите на Нетфликс паднаа додека си стиснал „Skip Intro.“

Овој глобален стриминг сервис работи во Бразил уште од од 2011 година и има голем пазар од преку 20 милиони претплатници).

Од друга страна, Бразил има сложен даночен систем со многу нивоа (федерални, државни и локални даноци), вклучително даночни права за услуги од забава и даноци на услуги).

Нетфликс беше обвинет дека неправилно ги плаќал овие даноци, особено за приходи од претплати и дигитални услуги. Тоа го чинеше непланиран расход од близу 620 милони долари во инаку извонредно успешниот трет квартал во оваа година. Сметката е дел од една поширока бразилска кампања против странските дигитални гиганти како што се Гугл и Мета.

Берзата реагираше навежбано па акциите им паднаа за 6% но од компанијата уверуваат дека падот нема да биде долгорочен. 

Благодарејќи на огромната гледаност на корејските мегахитови како "Kpop Demon Hunters" и"Squid Game", како и на популарниот пренос во живо на бокс мечот Канело -Крафорд, приходите им имаат пораснато за 17,2% што изнесува 11,5 милијарди долари во третиот квартал. 

И покрај силната конкуренција од Јутјуб, креаторите на содржини и апликациите за видео со вештачка интелигенција како Сора, Нетфликс се држи добро. Според Нилсен, од јули до септември имал просечен удел во гледаноста од 8,6% што е повеќе од која било друга платена платформа.

Вол ангажманот, Нетлфикс сè уште е далеку зад Јутјуб кои кај смарт телевизорите го шијат Нетфликс кој се обидува да го намали јазот со додавање видео подкасти и привлекување Јутјубери. 

Иако веќе не ги споделува броевите на претплатници, се проценува дека Нетфликс глобално има 315 милиони претплатници.

22 октомври 2025 - 13:46