- Павел Дуров, еден од основачите на популарната апликација Телеграм, понуди откуп за францускиот кралски накит што пред некој ден беше украден од парискиот Лувр. Артефактите ќе ги подари на музејот што Лувр го отвори во Абу Даби.
- Четворица крадци во неделата провалија во најпознатиот музеј во Париз и избегаа со осум артефакти со непроценлива вредност - ѓердани, обетки и тијара на кралското семејство од 19-ти век.
- „Со задоволство би го откупил ограбениот накит и би му го вратил на Лувр. Мислам на Абу Даби, се разбира, никој не краде од Лувр во Абу Даби“, порача рускиот милијардер, кој сега живее во Дубаи.
- „Грабежот воопшто не ме изненадува. Тој е уште еден тажен знак за пропаѓањето на некогаш великата земја, во која владата ги усоврши фантомските закани за луѓето, наместо да се соочи со вистинските закани“, додаде Дуров.
- Тој неодамна го обвини Париз дека настојува да наметне политичка цензура на Телеграм. Лани беше приведен на аеродром во Париз под обвинение дека од платформата не отстранил „нелегална содржина“.
- Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
- Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
- Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
- За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
- Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
- Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
- Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
- Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
- Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
- Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.