- „Единицата за економски криминал при СВР Скопје влезе во просториите на град Скопје и ЈКП „Комунална хигиена“ по наредба од ОЈО Скопје со цел прибавување на докази и одземање на соодветна документација под сомнение за сторени кривични дела поврзани со работењето на ЈКП „Комунална хигиена“ и градоначалникот на град Скопје во врска со несобирањето на комуналниот отпад. Обезбедена е документација, а се преземаат и дополнителни мерки и активности по насоки од ОЈО Скопје“ изјави портпаролот на МВР, Гоце Андреевски.
- Од обвинителството не ја исклучуваат можноста освен „Комунална хигиена“, да бидат опфатени проверки и на други институции.
- Од Комунална хигиена обвинуваат дека Министерството за здравство им должи над пет милиони евра, што предизвикува доцнење во исплатата на платите. Од Министерството за здравство го демантираат тоа и велат дека немаат никаква обврска кон претпријатието.
- Претставничкиот дом на Парагвај ја одби понудената оставка на претседателот Сантјаго Пења за да може да му го одземе имунитетот и да покрене импичмент во Сенатот, што најверојатно ќе заврши со обвинение и судски процес.
- Одземањето на имунитетот било акламативно, вклучувајќи ги и пратениците од неговата партија а на Пења му беше одреден куќен притвор.
- Незадоволни од тоа, демонстранти се собраа пред неговата резиденција, во еден моментиот ја пробија блокадата па Пења итно бил евакуиран во некоја воена база.
- Причина за скандалот е затворањето на најголемата дигитална банка, Уено, која беше ставена под управа на централната банка откако се утврди дека паднала под предвидениот минимум солвентност. Преку три милиони луѓе во Паргвај останаа без своите пари па дополнително ќе бидат обесштетувани.
- Долго откако беше избран на функцијата, претседателот Пења одржувал бизнис релации со сопственикот на банката, групацијата Веласкез.
- Уапсени се група директори во Уено а претстедателот на Централната банка, Карлос Каваљо поднесе оставка. Не е сигурно дека ќе помине само со тоа: поставен е таму пред три години од Пења откако беше прв човек на финансиската компанија која прерасна во Уено.
- Во српскиот дневен весник „Данас“ под псевдонимот „Пријател на студентите“ со месеци беа објавувани текстови со политички и правни совети до студентите блокадери (во периодот пред вонредните парламентарни избори), вклучувајќи предлози за стратегија, формирање експертска влада, отворање кон ЕУ и состав на Студентската листа.
- По изборите, авторот го обелодени својот идентитет: Александар Маршавелски, вонреден професор на Правниот факултет во Загреб но уште поважно, член на хрватскиот совет за граѓански надзор на безбедносно-разузнавачките служби на Хрватска.
- Маршавелски поднесе оставка на таа функција но обелоденуваето на неговиот идентитет ги подгреа сомневањата на довчерашните српски власти дека рушењето на Вучиќ било инструирано од странски центри.