Таг: лионел меси

Меси се врати и за влакно не постигна голчиште за кое ќе се зборуваше

Аргентина победи 1:0 против Парагвај и со тоа стигна до 3 од 3 во квалификациите за следното Светско. Мечот го реши Отаменди со атрактивен гол уште во 3 минута, а кам бек после повредата имаше Лео Меси кој беше многу блиску до шаќировка.

Како и колку време работел Бекам за да го донесе Меси?

Четири години. Да, четири години им било потребно на Бекам и неговите партнери за да го направат трансферот од соништата кој направи тектонски промени во Америка. Секое сабајле одел да го гледа на тренинг.

Меси: Идејата во Мајами беше меѓудругото да почнам и да се релаксирам

Едно поинакво интервју со Лео Меси, повеќе за приватниот живот и секојдневието, отколку за фудбал, иако и тоа е неизбежна тема. На пример ќе дознате дали знае да го крене осигурачот ако му снема дома струја среде ноќ.

Мајсторски слободен удар на Меси за Аргентина, голманот не мрдна

Аргентина го совлада Еквадор со 1:0 во квалификациите за СП 2026. Ново шоу на Меси кој израмни рекорд на Луис Суарез.

Една фудбалска уметност снимена од навивачки агол

9 меча, 11 гола, 3 асистенции. Тоа е стартот на човекот кој 20 години го игра фудбалот на посебен начин. Да не знае човек на што попрво да се воодушеви. Додавањето на Жорди Алба, снаодливоста на Меси во шеснаесетник или на совршено интелигентиот пас по кој доби повратна за гол. Да не си им во кожа на дефанзивците.

Една фотка, две светски легенди

Косопственикот на Интер Мајами, Хорхе Мас може да се пофали со фото на денот на која се наоѓаат веројатно најдобриот фудбалер и најдобриот тенисер. Новак е фан на Меси. Навиваше за Аргентина на последното Светско, а во јуни летово додека се натпреваруваше на Роланд Гарос, беше да го гледа Меси и кога ја освои титулата со ПСЖ. Најновото дружење им е во Њујорк, каде Меси гостуваше со Мајами, а Ѓоковиќ ќе игра на УС Опен.

Како телохранител го чува Меси во Мајами?

Ако некој планира да го закача Меси во САД, ќе си има проблеми со Јасин Чуеко, поранешен војник, експерт за боречки вештини, како бокс и теквондо. Го следи во секој чекор, пред автобус, до стадион, соблекувална, па дури и на терен го има ко линиски судија. Му го обезбедил Дејвид Бекам. Мува не смее да прелета над Меси.

Ново шоу на Меси и другарите со гол во 97-ма минута па пенали

Осми меч, осма победа по ред на Интер Мајами под водство на Лео Меси, кој повторно имаше блескав настап, овој пат со две клучни асистенции вредни продолженија.

Фудбалскиот коефициент на интелигенција на Меси

Го гледаш видеово и помислуваш дека не го интересира играта, дека не му се трча веќе, здосадено му е од фудбал, а потоа прави само спринт, прима топка и толку од муабетот.

Добар гест на Меси со пехарот

И покрај тоа што веднаш, уште на старт му ја дадоа капитенската лента, Лионел Меси потсети кој ја имаше таа улога пред него и му ја предаде на ДеАндре Једлин, за потоа заедно да го кренат првиот пехар во историјата на Интер Мајами. Човечен гест.

Историски трофеј за Интер Мајами, бомбастичен гол на Меси

Проектот на Дејвид Бекам составен од мини Барселона во која играат неприкосновениот и незаменливиот Лео Меси заедно со Бускетс и Алба, се движи како по филмска лента.

Најлудиот дриблинг на Меси на последниот Мундијал

Стартот за Интер Мајами му е врвен. Постигна 9 гола на првите шест меча од кои два од слободен. А сега внимавајте добро на овие движења на Светското во Катар против Уругвај. Не знаеш дали е ова Меси на 25 или на 35 години. Четворица ги сомеле.

Нов меч, нов мајсторлук на Меси, овој пат од 30 метри

Нема застој за Интер Мајами откако го имаат фудбалскиот феномен кој влезе во голтетерска низа од шеста меча. Новата жртва се вика Филаделфија.

Американците не можат да го сопрат Меси, растур систем на пет меча по ред

Најновата жртва на Интер Мајами и Лео Меси е Шарлот кој го декласираа со 4:0. Нема натпревар кој поминува без гол на светскиот првак.

Што се случуваше на стадион кога Меси беше изваден од игра?

Го заменија во 78 минута на добиен меч при резултат Интер Мајами - Атланта Јунајтед 4:0. Потоа толку од интересот. Не бива фудбал без магнетот за публика.

Новата прослава на Меси

Два меча, три гола за Лео Меси кој одново ја забавуваше и ја воодушеви публиката во Мајами. Овој пат против Атланта Јунајтед кој го добија со 4:0, му направи „живели“ на Бекам.

Новото шоу на Меси во Мајами содржи два гола, асистенција и победа од 4:0

Само четири дена откако дебитираше спектакуларно со слободен удар во 94-та минута вреден триумф, Меси одново блесна во новата средина.

Најдоброто од Меси на дебито за Мајами

Американците беа сведоци на деби настап на Лео Меси за уживање, особено во финишот од средбата кога распали од слободен и му донесе победа на Интер Мајами против Круз Азул. МЛС скоцка видео само со најинтересните моменти од неговиот прв меч во САД.

Не можеа да се догушкаат Леброн и Меси

Леброн Џејмс, Серена Вилијамс и Ким Кардашијан беа дел од ѕвездите кои го следеа од трибини дебито на Меси во САД, кој блесна со голчиште во 94 минута и го реши мечот. Топла, ептен топла средба имаа двете спортски легенди.

Спектакуларно деби на Меси во САД со гол од слободен удар во 94 минута

Најдобриот фудбалер на сите времиња според многумина, приреди шоу во Мајами само што го облече новиот дрес. Да сакаше некој да смисли, немаше да му текне појако сценарио на дебито.

Огромен мурал во Мајами во чест на Меси, Бекам воодушевен

Се ближи стартот на новата авантура за Лео Меси кој на 16 јули се очекува да дебитира во дресот на Интер Мајами. Еуфоријата во градот веќе се чувствува. Викторија Бекам снима и го фали сопругот за трансферот, а Дејвид позира пред убавото уметничко дело.

Голот на сезоната во ЛШ е дело на Меси

УЕФА ја објави листата на топ 10 голови на сезоната во Лигата на шампиониte. Два се на Мбапе, а победник е Лео Меси кој на мечот против Бенфика реагираше како на Плејстејшн.

Фејк видео со Меси во Мајами собра 5 милиони прегледи

Пишал дека играат Мајами и Филаделфија и дека на видеото се деби головите на Меси, а ставил снимка од Барса во гостински дресови. Со оглед на бојата која е иста со дресовите на Мајами, веројатно има Американци кои се излажале, како оној јадниот што патувал 2.000 км за да го гледа во живо. Има 5 милиони прегледи за само две недели.

Подранил за дебито на Меси едно 26 дена

Камерите на мечот Филаделфија Унион - Интер Мајами го фатија најјакиот кадар на трибините кој ќе беше штета да остане незабележан. Фан на Меси патувал 1.200 милји или скоро 2.000 км за да го гледа во живо својот идол, ама очигледно момчево не користи интернет. Промоцијата на Аргентинецот е најавена за 16 јули, а дебито за 21-ви. Лео е на одмор младичу.