672 во дресот на Барселона, 32 во ПСЖ, 115 за Аргентина и 81 за Интер Мајами. Лионел Меси испиша историја, откако успеа да дојде до бројката од 900 гола во кариерата. Аргентинскиот ас погоди во 7 минута од дуелот против Нешвил во ЛШ на Северна Америка и со тоа стана само втор фудбалер во историјата со ваков ефект. Пред него е само Кристијано Роналдо со 959.