Контроверзен гол е благ опис за ова што се случи на дербито од турската женска лига помеѓу Фенербахче и Бешикташ. Напаѓачката на Бешикташ, Доњета Халилај, со глава ѝ ја изби топката од раце на голманката на Фенербахче и постигна гол. Судијката не само што мртва ладна го призна голот, туку почна и да дели жолти картони за приговор.