Се сеќавате ли Камерунецот Винсент Абубакар што му направи на Вања Милинковиќ Савиќ на Мундијалот во Катар? Дечкото е роден за спектакуларни завршници. Погледнете го како мајсторски одигра синоќа против Динамо Киев, за победа на Бешикташ од 1:0 и пласман во групната фаза од Конференциската лига.
Бешикташ и Адана Демирспор приредија драматичен натпревар на кој турскиот првак не успеа да победи и по убедлива предност од 3:0. Гостите израмнија во 97-ма, а еден од главните протагонисти беше Марио, кој добро и што не изеде ќотек.
Со хет-трикот на Захави и двата гола на Марио Геце, ПСВ го потепа Галатасарај со 5:1 во квалификациите за ЛШ. Навивач од трибини во еден момент ја фати топката и направи шоу мавтајќи со шал од Бешикташ.
Пазете ја сценава. Еден ја брани со гради во паѓање, па вториот со кук, а потоа голманот се џитка со глава и гаѓа свој играч со топката. И тоа ова сето ова случува во судиско на гол линија. А да е само тоа. Толку е хаосот голем што на крај на видеото има објаснување до детаљи кој што правел во шеснаесет.
Во меч од 15. коло од турската Супер лига, Бешикташ со 3-0 го совлада Сиваспор и ја продолжи трката за самиот врв со Галатасарај. Гостите на полувремето останаа без Хакан Арслан кој се правеше паметен па на судијата му покажуваше снимки од мобилен телефон за спорни ситуации.
Со неколку добри резултати, Бешикташ фати приклучок кон самиот врв во турската Супер лига. Во неделата со 4-0 го совладаа Бујукшехир Ерзурумспор. Претпоследниот погодок на мечот го даде хрватскиот стопер Домагој Вида. Голиште!
Во сезоната 1986/1987 борбата за титулата во Турција била како и речиси секоја година - жестока. Шампион станал Галатасарај со 54 бода, а Бешикташ имал 1 бод помалку.
Стефан може да здивне малку, бидејќи не е единствен во глупоста со која се прослави и себе и Академија Пандев и нашиот кутар фудбал. И во турската прва лига имало ист таков бисер, а го направил Холанѓанецот Рајан Донк како играч на Касимпаша на меч против Бешикташ во 2013-та.
Колегата на Елмас, Хасан Али Калдарим го доби признанието за најубав гол на сезоната 2018/2019 во турскиот фудбалски шампионат. Се работи за левица испукана како од топ со која му израмни на Бешикташ на 3:3. Џабе се џиткаше голманот.
Понеделник обично е тапа ден за фудбал, ама не и за Турците. Ризеспор и Бешикташ одиграа натпревар со дури 9 голови, а за прв пат стигна помош од ВАР поради скината мрежа. Три евроголови за гледање од кои два на Љаиќ.
Финалето на шпанскиот Куп 2014 ќе се памети по акцијата на Герет Бејл кој му измеша памет на Марк Бартра од Барселона и во 85’ минута даде прекрасен гол после неверојатен трк. Исто такво направил и Гуркан Варлик, играч на Бешикташ U-17 а во улога на Бартра било бекче на Ризеспор.
Бешикташ синоќа го окрка дома од Малме, шведскиот тим кој лани беше елиминиран од Вардар во квалификациите за ЛШ, а имаше една ситуација, типично турска која најмногу има шмек да се гледа со турски коментатор. Лудница пред гол.
Ракометарите на Металург го претрпеа и седмиот пораз во Лигата на шампионите, откако во осмото коло од групната фаза изгубија од Бешикташ со само еден гол разлика: 23-22.
Откако Бетис победи на Сан Сиро 1:2, подоцна вечерва шпанските клубови ја докажаа доминацијата во Европа. Севиља му даде шест парчиња на Акхисар, а Виљареал „петарда“ на Рапид Виена.
Човекот кој му го уништи финалето на Ливерпул во Лига на шампиони против Реал Мадрид, продолжува да се брука и во Бешикташ. Малме го совлада турскиот состав со 2:0, а германскиот голман месечареше на првиот гол.
Пред околу 50.000 гледачи Фенербахче и Бешикташ одиграа 1-1. Гостите поведоа со прекрасниот гол на Рајан Бабел во 39’ минута а Фенер израмни со идентично убав гол на Андре Ају со глава во 71’ минута. Нашиот Ељиф Елмас влезе во игра во 56’ минута.
Иако Бешикташ важеше за фаворит на овој меч, се очекуваше Металург да пружи поголем отпор и да биде тврд орев. Наместо тоа тимот од Автокоманда не најави дека излегол од слабата форма која трае од стартот на натпреварувачката сезона.
Пред пет дена во Турција заврши најбедниот преоден рок во последните 11 години. Клубовите потрошиле вкупно 49 милиони што беше „мачкина кашлица“ во изминатите сезони - лани потрошија 110 милиони, а 10 години по ред потрошените пари за трансфери не оделе под 60 милиони евра.
На мечот Бешикташ - Кајзериспор 2:0, синоќа имаше два црвени картони, ама црвен заслужи и тој што ги дели картони, бидејќи беше крајно несмасен и фаулираше по еден играч од двете екипи во иста акција. Смешки.
Разврската во турскиот фудбал никогаш не била понеизвесна. На неколку кола пред крајот четири екипи конкурираат за титулата: Галатасарај е прв со 60 бода, Бешикташ втор со 59 колку што има и третиот Башакшехир. Фенербахче е четврт со 57. Ништо помалку интересно не е ниту во Купот. Во полуфиналето реванш вечерва играа ама не доиграа Фенербахче и Бешикташ.