Пред две години, шпицот на турската фудбалска репрезентација Бурак Јилмаз рекол дека за Турците е така својствено да ги со отежнат животот. Сите мислеле дека тој зборува за репрезентативците, зошто изјавата ја дал за време на Европското првенство 2016, но после две години неговите зборови имаат друга конотација.
Јилмаз е чуден и фудбалер и човек. Тој се колнел на верност на четирите најголеми турски клубови: Фенербахче, Бешикташ, Трабзонспор и Галатасарај, колективи кои меѓусебно се мразат до коска.
Играше за сите, даваше голови и се колнеше дека „овој клуб“ го сака најмногу.
„Фенербахче е најголем клуб“, „Од дете сум навивал за Бешикташ“, „За Трабзонспор сум спремен да умрам“, „Галатасарај? Тоа е мојот дом. Ако се вратам од Кина во Турција, ќе играм само за Галатасарај“.
Бурак на 4 јануари годинава потпиша договор со Бешикташ. 33-годишниот Турчин за Бешикташ одиграл 41 меч во периодот од 2006 до 2008 и постигнал 6 гола. Во тековнава сезона играше и за Трабзонспор каде постигна 5 гола на 7 натпревари.
Чудно е како на Кинезите додека играше таму не им рекол: „Од мал навивам само за Пекинг Гуан“ па после на оние од Далијан Шиде да им каже: „Целиот свој живот на вас ќе го посветам:“
За репрезентацијата на Турција, Бурак Јилмаз досега дал 23 погодоци на 52 меча.