Таг: фенербахче

Кога преведувачот ќе ти соопшти дека си останал без тренер

Стратегот на Фенербахче, Исмаил Картал ги шокираше сите после мечот против Рома. Излезе на прес, рече дека не сака никој да му поставува прашања и соопшти дека поднесува оставка уште по првото коло од ЛШ. Левиот бек Арчи Браун дозна од преведувачот.

Кореографијата на навивачите на Фенербахче после 18 години пауза во ЛШ

По скоро две децении маки, Фенербахче конечно се врати во елитата. Имаа тежок противник, а тоа е Рома со која одиграа 1:1. Пред стартот имаше многу моќен навивачки спектакл.

Летаа боксови во Лион, Гендузи провоцираше па се степа со навивач

Фенербахче го доби Лион на гости со 1:2 и по 18 години се враќа во групната фаза од ЛШ. Мечот го одбележаа низа инциденти, а во главна улога беше, Матео Гендузи, кој ги распали навивачите на Лион.

Шоуто на Фенербахче пред мечот со Лион

Сите три средби синоќа завршија нерешено во плејофот за ЛШ: Левски Софија - АЕК Атина 0:0, Фенербахче - Лион 1:1, Динамо Загреб - Викинг 2:2. Турците немаат играно групна фаза во елитата од сезоната 2008/2009 и за да го разбијат малерот ќе мора да одат на победа на реваншот во Франција. Погледнете ја атмосферава. За фудбал живеат.

Кој си го фати негов си е

Фудбалер на Фенербахче се обиде да и даде дресот на жена му. Добар план, катастрофална реализација која елегантно и зад камери, можел да ја реши дома.

Конфузна сцена во Турција со две топки

Фенербахче и Касимпаша одиграа натпревар со драматична завршница кој заврши 1:1. Головите паднаа во 95-та и 101-ва минута. Ама пазете го моментов со две топки. Едната тргна да излегува ама имаше ефе и се врати во игра. За тоа време играч на Фенербахче изведе аут со друга топка. Судијата сепак ја призна првата.

Турско навивачко шоу со блескава кореографија

Фенербахче и Галатасарај ремизираа 1:1 во 14. коло од турското првенство. Ова меѓусебно дерби беше број 404 во нивната историја на сите натпреварувања. Фенербахче има 149 победи, Галатасарај 130, а 125 средби завршиле нерешено. Домашните навивачи му дадоа дополнителен шмек на мечот со моќна кореографија на цела трибина.

Луда турска акција

Фенербахче го совлада Газиантеп на гости со 0:4. Едерсон за малку ќе направеше асистенција од гол на гол, арно ама од спротивната страна имаше дефанзивна реакција во стилот на Фабио Канаваро.

А да почнете да ги казнувате ваквите по 10 кола?

Секое коло иста приказна. И веќе не се знае кој повеќе глуми и во која лига, но просто глупаво е повеќе да се толерираат ваквите шарлатани. На ѕидот на срамот овој пат е голманот на Андерлехт, Колин Кузманс на дуелот против Фенербахче.

Мурињо е најјак, качи навивач на Фенербахче во автобус кој трчаше по нив

Фенербахче славеше 0:2 на гостувањето против Аланијаспор. Додека цел тим беше во клупскиот автобус, навивач трчаше покрај нив. Жозе како Жозе е роден за уникатни потези, па му рекол на возачот да застане, за да го пуштат внатре. Со сите играчи имаше можност да се слика или да се поздрави. Се разбира почнувајќи од славниот тренер. Остај друго, него и на вечера го викнал.

Мајсторија во играта еден на еден е кога ќе ти стане цела сала

Личната карта вели дека има 37 години, а движењата му се како на 27. Тоа е новото засилување на Фенербахче, Ерик Меколум. За НБА носталгичарите од 90-те, ова е потсетник на Хаким Олајџувон.

Драматичниот крај на дуелот Фенербахче - Панатинаикос

Евролигата донесе нов натпревар со целосно непредвилива завршница. Панатинаикос - Фенербахче 90:90, остануваат уште неколку секунди до крај. Турците имаат напад за победа, промашуваат и прават брз, веројатно избрзан прекшок. Нан изведува слободни фрлања на паметен начин. Првото го погодува, второто го промашува, бидејќи за гостите нема повеќе време. Останаа само 0,5 секунди.

Како го даде од таму?

Фенербахче го совлада Гезтепе со 3:2 и останува на -6 зад лидерот Галатасарај. Внимавајте добро на дрското голчиште на Огуз Ајдин, кој ја заби од многу тежок агол. На Твитер го нарекоа турскиот Герет Бејл.

Жени, сега е појасно така?

Не за друго, целиот е живот е поедноставен ако го избегнете горниот пример.

Тадиќ ја доби асистенцијата број 1 на вечерта

Фенербахче одигра 1:1 на гостувањето против Твенте откако Тадиќ фино го измами голманот на домаќините. Но аплаузите за израмнувањето ги заслужува најмногу Мароканецот Софиан Амрабат, кој му испорача топка во стилот на Андрес Иниеста. Асистенцииште за медал, преку цел тим.

Мурињо остана без ЛШ со гол во 118-та минута

Неславно тргна турската одисеја за славниот португалски тренер кој има две титули во Лига на шампиони. Ќе мора да се задоволи со настап во Лига Европа.

Чудно финале меѓу Галатасарај и Фенербахче кое траеше 1 минута

Финалето од Супер Купот на Турција кое се одигра синоќа е веројатно најкраткото во историјата на фудбалот. Само што почна, заврши уште во 1 минута и тоа падна и гол.

Штосен графит со маскираниот навивач на Трабзонспор пред суд

Нигериецот Брајт Осаи Самуел кој му влезе со боксови на навивачот на Трабзонспор, кој влета со маска на терен, доби графит од навивачите на Фенербахче. Арно ама и навивачот на Трабзоспор се најде на графит и тоа пред суд. Другарите во обид да го одбранат, сакаат да испратат порака дека не се тепа со никој, што е за право ако за доказ се важи само моментот кога стои сам.

„Борете се како своите навивачи"

Навивачите на Фенербахче се очигледно воодушевени од реакцијата на своите играчи кои влегоа во клинч со навивачите на Трабзонспор, а дел од нив решија да се тепаат. Во Истанбул веќе има графит, инспириран од една фотографија на која Нигериецот Брајт Осаи Самуел со боксови му влага на еден.

Дивјачки напад на холандски фудбалер од Фенербахче

Ниту прв, ниту последен пат ќе гледаме тепачки во турскиот фудбал. Така е таму, им врие крвта. Но она што зачудува е храброста и дрскоста на играчите на Фенербахче, кои не е дека само се бранат или бегаат, туку влегуваат во туч и напаѓаат со клоци и боксови. Најмногу зачудува дивјачкиот потег на 22 годишниот Холанѓанец Џејден Устерволд кого го фатиле со телефон како рога и тоа веќе соборен навивач. Пази со нога во глава го удира. Некако многу хард кор бе ова а?

Голманот на Анкарагучу со чудесна одбрана му спречи голчиште на Тадиќ

Фенербахче го совлада Анкарагучу со 2:1 и ја задржа лидерската позиција во Турција со +3 пред Галатасарај. Обрнете внимание на интервенцијата на гостинскиот тим, Бахадир Хан Гунгорду при ударот на Тадиќ. Човек - пајак.

Кошаркарскиот поен број 1 за 2023-та

Што и да се случи до крајов на годинава на кошаркарски план, нема да може да му го земе приматот на Тајлер Дорси од Фенербахче. Ваков поен ни во НБА не сме виделе. Не само преку табла, туку и преку семафор и тоа за победа над турскиот тим против Жалгирис. По лудиот шут Дорси погоди и дополнително слободно фрлање за конечни 80:76.

Доаѓаш на стадион, гигантот Фенербахче гостува? Не, од балкон со пивце ќе ја гледам

Во Турција има прволигаш со помал стадион од многу наши. Комшии се собираа кај тие со најубав поглед за да ги гледаат гага Един Џеко, Душан Тадиќ, Фред и другарите.