Нетипичниот развој на настаните во финалето од Супер Купот се всушност последица на инцидентите кои се случија неодамна на мечот меѓу Трабзонспор и Фенербахче.
Раководството на Фенербахче реши во синоќешното финале да се појави со младинци и да го напушти мечот по само 1 минута игра, во знак на протест поради казните кои ги изрече Фудбалската федерација на Турција кон Трабзонспор, од кои очигледно не се задоволни.
Галатасарај во 50 секунда постигна гол, а потоа младинците место да изведат од центар, заминаа во соблекувална.
Фенербахче најпрвин се закануваше дека ќе ја напушти лигата поради насилството на гостувањето во Трабзон, кога навивачите се симнаа на терен, но сепак се реши за ваков вид на протест, со откажување од борба за трофеј.
Додека фудбалерите го напуштаа теренот, Мауро Икарди им аплаудираше, веројатно во знак на поддршка, а не иронично. Потоа малку чудно, ама фудбалерите на Галатасарај славеа после добиено финале од 1 минута против деца.
За циркузот да биде поголем, Галатасарај се подели меѓу себе во два тима и одигра натпревар. Само во Турција го има ова.