Секој ден добивам писма. Моите драги читатели ми ја спомнуваат мајка ми, покојната, помалку татко ми. Некои од вас се сигурни дека сум усташка, други не можат да ми го простат моето попалено четништво, а уште и мислат дека ги мразам педерите. За трети сум „царица", „кралица", „Тито", „бабетина", „стара бабетина", мразач на сè што е хрватско, еврејско, љубителка на Срби, треба да бидам ебена...
Ова дека треба да ме ебат ми стигнува три пати дневно. Зошто некој мисли дека ебењето е еднакво на казнување? Или дека ебењето е еднакво на усреќување, убивање на фрустрацијата? Некои се сигурни дека ми фали добар кур. Што е „добар кур"? Очигледно, ме читаат млади. Само младите се опседнати со кур. Мене тоа парче месо или месиште не ми значи многу. Ви се открив до крај. Верувајте ми, да имам „добар кур" би го ставила на огласник, а за добиените пари би купила низок притисок.
Зошто пишувам? Сакам да провоцирам, сакам да ме слушнат, да ме читаат, да бидам „битна". Дали сум болна? Колку е паметно во шеесет и петтата за некој ден, со утринското кафе, да читаш пиздарии кои се одговор на пиздарии кои самата си ги напишала? А знаете што ме мава во стомак? Кога ќе прочитам коментари на турбо паметни луѓе. Чувствувам непријатност кога ќе налетам на текст на читател или читателка кој во мене предизвикува страхопочит. Ова не е лажна скромност, помислувам секој пат, што кур правиш на мојава страница? Не мислам дека сум многу болна, болна сум онака и онолку колку и оние кои ми пишуваат. Главно и тие, то ест вие, и јас, сме турбо надркани суштества.
Зошто сме луди? Затоа што сме губитници. ГУБИТНИЦИ. Нашето гласање преку Фејсбук е крик на немоќните кои имаат впечаток дека нивното врескање допира до ушите на моќните. Ги боли моќните и за мене и за вас. Живееме во сурово време, во луда држава, во кои весниците пишуваат, вчера налетав на тоа, дека бившиот министер Калмета и моментален градоначалник на Задар е мафијаш. Невиден криминалец. Па сепак, ништо нема да му се случи. А мене Привредна банка Загреб во недела во седум и пет ми испрати порака: „Ве потсетуваме дека имате неподмирен долг кон ПБЗ врз основа на кредит. Молиме вашата обврска да ја подмирите што побргу. Ваша ПБЗ".
Ау, каков тон! Отидов до банката, попизделе затоа што 12 дена им должев 500 куни (65 евра). Да не им платев денес би ме одрале а после ќе ме ебаа со недели. А Калмета? Кој ќе го одере него, да му го земе украденото, да му пишува простачки пораки без „почитувана" и „фала" на крајот? Мене пишувањето ми дава чувство на моќ, а тоа што ме праќате у курац вам ви дава чувство на моќ. Во ќар сте и вие и јас.
Зошто напишав текст кој немав намера да го напишам? Затоа што на Фејсбук објавив писмо кое ми го прати еден од моите читатели. Ви оставив впечаток, и во право сте, дека сум пречувствителна пишувачка којашто баш секој курац може да ја исфрли од рамнотежа. Дали е тоа баш така? Зависи од денот. Многу често сама на себе си одам на нерви, во мојата глава составувам писма кои би ѝ ги праќала на баба како мене, да не сум јас таа баба.
Би ѝ напишала дека сере затоа што времето ѝ истекува и не сфаќа дека на нејзини години не би требала да мава по тастатура туку...Таа другата јас која би ми пишувала не знае на што јас би морала да ги трошам моите последни денови. Во тоа е заебот. Јас сум две јас кои една на друга секој ден си ебат матер, луда и едната и другата. Јас Другата сакам, обожавам да мавам по тастатурата. Опака зависничка сум. А кога е така, тогаш би морала со елеганција на дама на прагот на седумдесетата достоинствено да ги попушам сите курови кои некои од вас ми ги нудат и да пичам понатаму, уште појака, уште поамбициозна, уште поглупава.
Ако разбравте што сакаше писателот да каже со овој текст, секоја чест.