Илјадници Албанци излегоа на улиците на мирни демонстрации против изградбата на луксузно одморалиште од 1,4 милијарди долари на јужниот брег, поврзано со Иванка Трамп и Џаред Кушнер.
Ќерката и зетот на Доналд Трамп градат комплекс со 1.000 луксузни вили на плажа и хотелски соби на островот Сазан и полуостровот Звернец, како и нов меѓународен аеродром. Локацијата е во заштитеното мочуриште Пише Поро-Нарта, едно од еколошки најчувствителните подрачја во Албанија.
Владата на Еди Рама го забрза договорот. Парламентот го промени законот за животна средина неколку недели пред почетокот на изградбата, дозволувајќи хотели со пет ѕвездички во заштитени зони. Дозволата беше издадена на 29 април 2026 година, без јавно објавување.
Рама ѝ додели статус на „стратешки инвеститор“ на компанијата на Кушнер - Atlantic Incubation Partners кон крајот на 2024 година, само неколку недели пред инаугурацијата на Трамп, без целосен бизнис план или студија за изводливост. Критичарите велат дека одлуката била политички мотивирана, за да обезбеди симпатии од администрацијата на Трамп.
41 еколошка организација од 28 земји повикаа на итно прекинување на проектот. Против се локалните жители, еколошките групи и грчкото малцинство во областа.
Меѓународниот кривичен суд ја затвори долгогодишната истрага за злосторства извршени од американските сили во Авганистан по 2003 година.
Првичната истрага беше одобрена пред шест години, но долго време беше замрзната. Судскиот совет сега заклучи дека Обвинителството повеќе не е способно ефективно да спроведува истраги и да обезбедува докази, што дополнително се усложнува поради времето што изминало од извршувањето на наводните злосторства.
Ќе продолжи посебен случај „Ситуацијата во Авганистан II“, кој се фокусира на наводни злосторства на талибанците по август 2021 година, вклучително и прогон на жени и девојчиња. Меѓународниот кривичен суд веќе објави налози за апсење на високи талибански лидери.
САД не се членка на МКС и ја отфрлаат неговата надлежност врз американските државјани. Вашингтон воведе санкции против судии и обвинители откако Судот објави меѓународна потерница по израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поврзана со злосторства во Газа.
Американскиот државен секретар Марко Рубио минатата недела го обвини Судот дека „го користи меѓународното право како инструмент на глобалните елити“.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.