Легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед трофејниот Сер Алекс Фергусон му пратил текстуална порака на првиот човек на ПСЖ Насер Ал-Хелаифи после големото финале во кое Парижаните го совладаа Арсенал на пенали.
Манчестер Ивнинг Њуз се повикува на француски Л'Екип и вели дека Сер Алекс Фергусон наводно му пратил порака на претседателот на ПСЖ после финалето на Лига на шампиони.
Л'Екип пишува дека легендарниот тренер му напишал на Ал-Хелаифи: „Насер, овде Алекс Фергусон. Одлична работа, беше тешка вечер за вас, но игравте против досаден тим кој не правеше ништо освен што се бранеше. Уживајте во одморот, заслуживте“.
Сер Алекс Фергусон на два пати го освои пехарот во Лига на шампиони со Манчестер Јунајтед, еднаш во 1999-та во легендарното финале против Баерн Минхен кога со два гола во судиско продолжение направија пресврт против Баварците и еднаш на пенали против Челси во Москва во 2008-ма.
Но Бен Џејкобс, познатиот новинар од токСПОРТ вели дека тоа не биле точните зборови кои ги напишал Фергусон туку дека му напишал на Ал-Хелаифи: „Вашиот тим играше подобар фудбал“.
Арсенал поведе 0-1 преку Каи Хаверц уште во 7' минута но тоа беше нивниот единствен шут кон противничкиот гол. Арсенал имаше само 25% посед на топка во 120 минути фудбал. ПСЖ буквално играше викторија пред нивниот гол цел натпревар.
Доказ за тоа се и зборовите на Жоао Невес, врвниот португалски фудбалер од ПСЖ кој после финалето изјави: „Емоцијата е тука. По втор пат станувам европски шампион. Не е самата победа по себе што ме прави среќен туку тоа што играм со вакви соиграчи, со ваков стручен штаб, со ваква управа. Заслуживме да победиме вечерва, зошто ПСЖ беше единствена екипа која сакаше да игра фудбал“.