Некогаш страшен светски голгетер, денес во мир чува бикови на своја фарма

Легендарниот шпиц сега, по пишувањето на Ел Насионал, живее живот далеку од фудбалот, на фарма каде чува домашни животни и каде си го нашол мирот меѓу своите крави, магариња, овци и бикови.

Легендарниот парагвајски центарфор, раскошниот стрелец Оскар Кардозо после 23-годишна богата карира, сега на 43 години ужива далеку од светските сцени и силни стадионски светла.

Оскар Кардосо во април годинава се повлече од активното играње фудбал после 8 години по ред во својот клуб Либертад во Парагвај.

Тој имал своја фарма во реонот Чако во Парагвај, изолиран од светските случувања.

Кардозо својата богата кариера ја започнал во 2003-та година во клубот 3 Февруари во Парагвај. Подоцна играл две сезони за Насионал од главниот град Асунсион каде блеснал со 22 гола на 63 средби што било доволно за трансфер во аргентински Њуелс Олд Бојс (33 натпревари, 21 гол).

Во 2007-ма ја направи богатата преселба во Бенфика каде стана права икона и каде за 7 сезони постигна неверојатни 172 гола на 175 натпревари. Својот чудесен талент го потврди и во Трабзонспор (50/25), Олимпијакос (22/3) и на крај во својот Либертад каде играше цели осум сезони од 2017 до 2025-та и постигна страшни 110 погодоци на 288 средби.

Го носеше и Парагвај до историски четвртфинале на Светско првенство 2018. Тој за својата земја прослави 12 гола на 58 натпревари.

16 ноември 2026 - 12:56