- Македонскиот кардиолог и алпинист Сашко Кедев влезе во Гинисовата книга на рекорди како највозрасен човек во светот кој ги искачил сите 14 планински врвови повисоки од 8.000 метри.
- Искачувањата му се официјално признати и потврдени од Гинис, а неговиот успех го потврдил и планинарскиот експерт Еберхард Јургалски.
- Патот кон овие врвови го започна на 19 мај 2009 година кога се искачи на Монт Еверест.
- Подвигот го заокружи на 63 години и 14 дена на 20 јули 2025 година, со искачувањето на врвот Гашербрум I.
- Горан Кипријановски Кипре го искористи престојот во Глазгов и на член на раководството на Ренџерс му ја подари книгата со биографијата на Дарко Панчев.
- Во шампионската сезона на Црвена Ѕвезда 1990/1991, Панчев беше стрелец и на двете средби во нокаут фазата. Оној на реваншот беше спектакуларен на волеј, откако претхоно успеа да ја смири топката со глава.
- „Благодариме за подарокот кој ќе биде сместен во нашиот музеј на добиени подароци за нашиот клуб. Многу добро се сеќаваме на тој неверојатен гол на Панчев тука во Глазгов“, рече Смит МекТејлор, од Глазгов Ренџерс.
- Елмин Растодер го разби малерот на македонската фудбалска репрезентација, која осум натпревари беше во серија без постигнат гол. По мечот со Шкотска изјави дека се работи за вежбана комбинација.
- „Горд сум што го постигнав првиот гол за Македонија, но штета што не успавме да стигнеме барем до еден бод. Одигравме добар натпревар, бевме спремни, но понекогаш таков е фудбалот. Комбинацијата од корнер ја трениравме, јас истрчав на прва статива, Барди ја испрати токму таму топката и погодив со глава.
- Сакам уште еднаш да кажам дека сум многу горд што постигнав гол за нашата држава, тоа е мојата задача, напаѓач сум. Тоа ми дава енергија да постигнам погодок и на следниот натпревар против Словенија“, рече напаѓачот на Панатинаикос.